Девојката на Џефри Епстајн може да го спаси принцот Ендру од робија

Девојката на покојниот милијардер и педофил Џефри Епстајн, Мадам Гилејн Максвел, би можела да го спаси принцот Ендру од робија. Таа во моментов е обвинета за подведување и трговија со малолетнички и се наоѓа во затвор во Менхетен.

Гилејн Максвел е подготвена да сведочи во корист на британскиот принц Ендру и да го спаси, откако против синот на кралицата Елизабета беа подигнати обвинувања за сексуална злоупотреба, напад и емотивен стрес.

Како што пренесува британски „Телеграф“, Гилејн, која е Британка, е подготвена да предаде докази во корист на Ендру и да му помогне на принцот.

За потсетување, Вирџинија Робертс пред судот во Њујорк поднесе граѓанска тужба против средниот син на британската кралица, тврдејќи дека Епстајн ја принудувал на секс со војводата од Јорк во три наврати кога имала само 17 години.

Тие имале интимни односи во Лондон, во вилата на Епстајн на Менхетен, како и во неговата куќа на Карибите. Принцот ги демантираше овие наводи, тврдејќи дека воопшто не ја познава Вирџинија. Но, го демантираа фотографиите направени во куќата на Максвел во Лондон.

Пријателите на уапсената мадам велат дека таа нема скриени мотиви за да му помогне на принцот.

„Гилејн е подготвена да ги предаде доказите во корист на принцот Ендру. Судскиот процес против принцот ќе почне за неколку години и до тогаш таа или ќе биде ослободена или ќе служи казна затвор од 85 години. Гилејн и принцот беа најдобри пријатели долго време и таа сака да го заштити“, рече еден нејзин пријател.

„Дејли мејл“ пренесува дека принцот нема дипломатски имунитет и дека за неговото евентуално испорачување во САД, за да му се суди во Њујорк, ќе одлучува судот во Лондон. Малку е веројатно дека тој ќе биде осуден на робија, доколку биде прогласен за виновен, веројатно ќе мора да плати повеќемилионска оштета.

 

 

Scroll to Top