Познатиот милијадер и осуден педофил, кој годинава се обеси во затворот во Њујорк, Џефри Епстајн, му наоѓал девојки на синот на британската кралица Елизабета, поранешниот принц Ендру, за подоцна да може да го уценува.
Ова го има во последната собрана документација од граѓанската праница која се води против поранешната девојка на Епстајн, таканаречената мадам Гилејн Максвел. Во истата собрана е документација која ја вклучува и нивната приватна преписка, меѓу Максвел и Епстајн.
Документите се дел од судскиот процес кој во 2015 година, против Максвел го покрена Вирџинија Робертс Жуфре, една од поранешните жртви на милијардерот. Во документите е наведено дека Епстајн се обидувал да собере инкриминирачки материјал за принцот Ендру.
Епстајн ги принудувал девојките да имаат секс сонего, а подоцна барал да му ги пренесат сите детали. Тоа го правел со голем број на моќни луѓе, со цел од нив да извлече лична, финансиска, деловна или политичка корист, притоа користејќи се со уцени.
Во судскиот процес, во мејловите кои досега биле запечатени, Гилејн Максвел го спомнува името на една жена по име Шели, како една од девојките на Епстајн во периодот од 1999 до 2002 година.
„Мејли Сандеј“ открива дека станува збор за Шели Ен Луис, родена во Анлгија, која некогаш работела во одделението за современа уметност во аукциската куќа „Кристиц“ во Њујорк. Денес таа има компанија со која управува голме дел од центрите за јога во САД.
Претходно водела агенција која држела курсеви за животен стил за клиенти кои сакале да се извлечат и ослободат од нивното минато.
Иако нема докази дека на кој било начин била поврзана со овој случај, обвинителството и адвокатите на жртвите на Епстајн, би можеле да побараат помош од неа.
„Госпоѓа Луис можеби има драгоцени информации кои би можеле да им помогнат на жртвите кои бараат надокнада. Ќе ја повикаме да каже сè што знае пред Федералното истражно биро“, изјавиле адвокатите на жртвите.