Џо Бајден креира тим за интревенции против кинески хакери

Американскиот претседател Џо Бајден составил тим специјализиран за интервенции и решавање на, како што вели, агресивните сајбер-напади од страна на кинески хакери.

Овие хакери дошле до посед на имејловите на повеќе од 30.000 организации во САД, а најмногу биле погодени малите бизниси, градови и локалната самоуправа. Целта на нападите не биле само САД, туку и Европа, поточно European Banking Authority, од каде што објавија дека и тие се зафатени од нападите.

Сите организации што користат Microsoft Exchange добиле совет да почнат да ги скенираат своите уреди за какви било пропусти, изјавиле од Белата куќа.

„Загрижени сме дека има многу жртви на ваквите напади и соработуваме со нашите партнери за да го дознаеме обемот на нападот“, изјавил Џен Псаки, портпаролот на Белата куќа.

Таа вели дека нападите биле откриени во јануари, а откога „Мајкрософт“ мината недела објавил за нив и издале закрпа со која се затвора пропустот, обемот се зголемил.

Безбедносните експерти од компанијата Volexity го известиле „Мајкрософт“ за нападите и за пропустите. Од Volexity велат дека за развој на алатките што хакерите ги користеле во нападот е потребна исклучителна вештина, но и дека нивното користење е едноставно.

„Овие пропусти се едноставни за злоупотреба. Не ви треба никакво специјално познавање или вештини. Треба само да се појавите и да кажете – ‘сакам да ја пробијам заштитата и да го прочитам целиот нивен имејл’. Ова е доволно“, изјавил претседателот на Volexity, Стивен Адаир.

Групата што ги извршила нападите претходно e идентификувана во Microsoft Threat Intelligence Center како „Хафниум“ .

Примарна цел на хакерите во САД била кражба на податоци од голем број индустриски сектори, вклучувајќи: истражувачи на заразни болести, адвокатски фирми, високообразовни институции, контрактори за одбрана, политички тинк-тенкови и невладини организации.

Иако „Хафниум“ е со седиште во Кина, активностите ги спроведувале првенствено од изнајмени виртуелни приватни сервери (VPS) во САД.

По откривањето, минатата недела уште четири хакерски групи се приклучиле во нападите.

 

Scroll to Top