Познатата глумица Леа Ремини која до пред неколку години беше член во Скиентолошката црква, заедно со голем број холивудски ѕвезди, откри како ја напуштила сектата и јавно зборуваше за сите бизарности кои се случувале внатре. Таа рече дека меѓу нив бил и Џон Траволта.
Таа рече дека глумецот може слободно и да убие некој човек, а црквата во која е член тоа да го затскрие.
„Траволта има ознака Какан, што во основа значи дека можете да убиете друго човечко суштество. Ако си Каханед, ќе погледнеш на другата страна. (односно ако си член од понизок ранг)“, рече Ремини во подкастот на стенд-ап комичарот Џо Роган во 2017 година.
Ремини која карирера ја запчона во осумдесетите години, стана една од најотворените глумици во Холивуд кој зборува на оваа тема. Познато е дека ја напуштила скиентолошката црква во јули 2013 година, а според нејзоната биографија, поминала речиси една деценија во неа.
Во голем број наврати ја предупредувала јавноста и колегите за опасностите од оваа црква. Дала повеќе интервјуа на оваа тема и причините за нејзиното заминување.
Пишувала и во мемоарите, а продуцирала и серија која доби „Еми“ награда. Кога серијата заврши по три сезони, Ремини ја продолжила својата заговарачка работа и направила подкаст со поранешниот скиентолог Мајк Риндер, под името „Скиентологијата: Чесна игра“.
Ремини рече дека и покрај потешкотиите да стапи во контакт со Траволта се имаат сретнато во минатото во оваа група. Рече дека имал преголема моќ во црквата и дека останал во неа токму поради моќта на оваа организација.
Ремини го прозва Траволта во нејзиниот документарец нарекувајќи го дека е со „затворен ум“ и дека го менува наративот на организацијата кога разговара со новинарите.
„Без разлика на тоа што сте славна личност. Кога зборувате за скиентологијата мора да знаете дека тоа нешто не е во ред и дека не смее во никој случај да се оправдува таквото ужасно однесување“, рече Ремини и додаде:
„И познатите личности се затворени во сопствениот ум и не сакаат да зброуваат за ова, а ако прозборат, скиентологијата има механизам на самозаштита кој не им дозволува на луѓето да се посомневаат во било што“, додаде глумицата.
Џон Траволта рече дека Скиентологијата му била корисна и дека не бил заинтересиран за темите кои ги отворила Ремини. Глумецот зборуваше за тоа во едно од своите интервјуа во 2016 година.
„Скиентологијата ми помага веќе 40 години. Ми помогна за време на моите семејни трагедии, со мајка ми, девојка ми, син ми. Никогаш не се откажаа од мене, па зошто би се согласил со Ремини ако не го чувствувам тоа така како што таа го чувствува“, рече Траволта во едно интервјуто.
По ова интервју Ремини рече дека разбира зошто Траволта не може да зборува за ова отворено, додека е вклучен во организацијата.