Џордан Белфорт, „волкот од Волстрит“, призна дека погрешил за вредноста на биткоинот

Американскиот автор и инвеститор Џордан Белфорт, за чија биографија беше снимен филмот „Волкот од Волстрит“ и чиј лик го глумеше Леонардо ди Каприо, призна дека погрешил во своите прогнози оти биткоинот како криптовалута ќе исчезне.

Сега Белфорт вели дека погрешил со тврдењата оти вредноста на биткоинот во 2017 ќе продолжи да паѓа по што ќе дојде до негово исчезнување.

Џордан исто смета и дека сега повеќе од кога било има голема база на корисници на оваа криптовалута, која станува сѐ поатрактивна во период кога централните банки печатат нови пари за да се справат со економската криза предизвикана од коронавирусот.

Според него, сѐ уште постојат многу можности за измами и манипулации со биткоинот и перењето пари, но се зголемува неговата кредибилност како платежно средство благодарение на сѐ поголемиот број инвеститори.

Scroll to Top