Џорџ Сорос не платил данок од 18 милијарди долари

By

Џорџ Сорос крие 18 милијарди долари, кои американските даночни власти никогаш нема да можат да ги добијат.

Сорос подари 18 милијарди долари на добротворни хуманитарни организации што тој ги контролира за да се заштити од американската даночна служба.

Милијардерот во приватните хуманитарни организации држи сума што е поголема од економијата, на пример, на земји како што се Јамајка или Албанија. Тие пари американските даночни власти нема никогаш да може да ги оданочат.

Сорос пренел дури 18 милијарди долари од својот инвестициски фонд во Фондацијата „Отворено општество“ во изминатите неколку години.

Како што наведува „Волстрит џурнал“, кога лице ќе донира неодреден имот на приватна фондација, може да задржи 20 проценти од својата пазарна вредност на даночната пријава, што може да важи пет години.

Кога Конгресот го елиминира едното даночно олеснување во 2008 година, инвеститорите добија налог до 31 декември 2017 година да ги платат сите акумулирани даноци. Откако Сорос го искористи овој даночен маневар, излезе дека не должи ништо.

Донаторите така може да ги контролираат своите пари со години или дури и децении затоа што фондацијата може да ангажира и членови на семејствата да управуваат со таа активност. На тој начин парите може да останат во семејството на Сорос засекогаш.

Самиот Сорос секогаш истакнува дека богатите во САД треба да издвојуваат повеќе пари за данок, но очигледно не се смета себеси за дел од тоа друштво.

Медиумите пишуваат дека слично работи и Марк Цукенберг, кој вети дека ќе се откаже од своите 99 проценти акции на „Фејсбук“, а него ќе го следи и Бил Гејтс исто така.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне