До 2050 година ќе се создадат нови држави и ќе се дознае вистинскиот убиец на Кенеди

Некогаш 2023 година делуваше како далечна иднина, а филмовите и романите прогнозираа дека досега ќе имаме летачки автомобили и напредна технологија. Доста работи и понатаму се дел од научната фантастика, но за овие неколку настани, речиси извесно е дека ќе се случат во наредните 30 години.

Формирање на нови држави

Откако на крајот на 2019 година острвот Бугенвил на референдум изгласа независност од Папуа Нова Гвинеја (на дури 98% од важечките гласачки ливчиња беше заокружено „да“), можеме наскоро да очекува дека бројот на држави низ светот ќе се зголемува.

Освен тоа, 2020 година на референдум треба да излезат и жителите на островот Нова Каледонија кои ќе одлучат за тоа дали ќе останат во рамки на Франција, или не.

Новата највисока зграда на светот

Бурџ Калиф, зградата висока 828 метри, недамна го прослави својот десетти роденден. Нејзината изградба почнала во 2004 година и траела шест години. Оваа зграда во Дубаи, во моментов важи за највисоката зграда на светот, но не за долго. Наскоро би требало да биде завршена изградбата на кулата „Џеда“, која се наоѓа во Саудиска Арабија. Оваа кула чии темели се поставени во 2013 година, ќе биде висока 1000 метри и ќе има повеќе од 200 спратови.

Вселенски хотели

Вселенскиот туризам донеодамна беше само фантазија, а сега станува реалност. „Спејс екс“ веќе има планови во 2023 година да понесе еден среќен јапонски милијардер на пат околу Месечината. Минатото лето НАСА објави дека Меѓународната вселенска станица и официјално е отворена за патувања, како би примила гости за ноќевање. Покрај тоа, до 2025 година, треба да биде отворен и првиот вистински хотел – Фон Браун, кој ќе ротира околу вселенската станица.

Завршување на градбата на црквата Саграда Фамилија

Симболот на Барселона и една од најпрочуените градби на светот Саграда Фамилија, треба до 2026 година конечно да биде завршена. Неверојатно е тоа што Барселона дури во 2019 година, официјално одобри градежна дозвола за оваа катедрала, иако нејзиниот творец Антонио Гауди, го поднел барањето уште во 1885 година. Изградбата ќе биде завршена на 100 годишнината од неговата трагична смрт.

Овој архитект и ексцентричен гениј во 1926 година бил прегазен од трамвај.

Венеција ќе остане без жители

Романтичната Венеција веќе со години полека тоне, а се предвидува дека до 2028 година, животот во неа ќе стане невозможен. Нивото на морето кое непрекинато расте, потпомогнато од климатските промени, минатата година предизвика поплави без преседан во еден од најпознатите градови меѓу туристите.

Се очекува Венеција, прочуена по нејзините мостови, канали и трговија со архитектура од средниот век и ренесанса, до 2100 година да биде целосно под вода.

Намалување на арктичкиот леден покривач

Порастот на глобалните температури предизвикува се поголемото затоплување на ледот на половите, па се предвидува драматично намалување на површината на ледениот покривач на Арктикот. Северниот леден океан до 2030 година, би можел во текот на летата да остане без лед, сметаат експертите.

Тоа веќе предизвикува раст на нивото на морето, како и проблеми за човечката заедница и животинските видови кои живеат на северниот дел на планетата. Последните неколку години се забележани денови кога температурата на Арктикот стигнала и до 20 степени над просекот.

Квантна телепортарција во Русија

Руските научници најавиле дека до 2035 година, успешно ќе спроведат квантна телепортација. Но немојте веднаш да помислите на некоја сцена од „Ѕвездени патеки“. Не се работи за моментална телепортација на цврсти предмети низ вселената. Квантната телепортација подразбира создавање на безбеден систем на комуникација кој ќе може да пренесе поларизирана состојба на фотони низ вселената.

Разоткриање на убиството на Џон Кенеди

Во 2038 година, Американската национална архива конечно ќе ја тргне назнаката „строго доверливо“ од голем број документи за убиството на американскиот претседател Џон Кенеди. И покрај фактот дека според официјалната верзија на убиството на Кенеди, за виновен се смета Ли Харви Освалд, до ден денес постојат голем број неодговорени прашања во врска со овој злостор.

Љубителите на теориите на заговор не веруваат дека Освалд делувал сам. И дека за дел од документите со ознаката „строго доверливо“ иако беше тргната во 2017 година, голем дел од истата остана заклучена до 2038 година.

Експериментален термонуклеарен реактор

Изградбата на Меѓународниот термонуклеарен експериментален реактор е започната во местото Кадараш на југот на Франција во 2007 година, на оддалеченост од околу 64 километри од Марсеј. Во прашање е најголемиот светски фузион експеримент. Овој рекатор би требало да биде многу побезбеден од традиционалните нуклеарни реактори, затоа што во случај на несреќа, емисијата на радијација не би требало да биде висока. Реакторот е дизајниран да произведе 500 мегавати излазна сила со 50 мегавати влезна сила, односно да произведе 10 пати повеќе енергија, отколку што ќе потроши.

Колонизација на Марс

Се верува дека до 2050 година, по Марс ќе можат да одат првите колонисти од Земјата. Тие би можеле да стигнат на Црвената планета како дел од проектот „Марс уан“, или можеби со помош на некои од летачката компанија „Спејс икс“, но научниците претходно ќе мораат да решат голем број проблеми.

„Спејс икс“ веќе работи на изградба на вселенски брод кој би требало да ги пренесе првите колонисти на Марс. Основачот на оваа компанија Илон Маск е убеден дека тоа е можно да се направи до 2050 година и на Марс да изникне првиот град.

 

Scroll to Top