Добата во која Америка поради еугениката, стерилизираше 60.000 луѓе!

Не така одамна, повеќе од 60.000 луѓе се стерилизирани во Соединетите Американски Држави на темел на законите на еугениката. Повеќето од тие операции се изведени пред шеесетите години, од минатиот век, кај таканаречените „ментално заболени“, и „ментално заостанати“.

Неодамна беше извршено истражување, кое фрли ново светло на тоа мрачно разединување во американската историја.

На почетокот на 20 век, низ дел од САД, лекарите, законодавците и социјалните реформатори, беа блиски до програмата на се веќе поголемиот број на еугенички движења, кои со здружени сили, се обидоа да ја озаконат стерилазцијата на поедини луѓе.

Такви прописи беа мотивирани од суровите теории за наследувањето на одредена состојба и карактеристики, па дури и криминалитети и сексуални девијации.

Многу заговорници на стерилизацијата сметаат дека целосно е неопходно да се воведе репродуктивна политика со која „неподобните“, би биле лишени од правата на родителство, со цел општеството да биде заштитено од нивните штетни гени.

Од денешна перспектива, тоа е во најмала рака е неетична медицинска и законодавна пракса, но меѓу 1907 и 1937 година, дури 32 американски држави, донесоа закони со кои им се овозможувала забрана на продолжување на лозата, на оние кои се „непоодобни“.

Најголемиот број на стерилизации извршени се од крајот на 30-те до почетокот на 40-те години, а дури по почетокот на 70-те, повторно е преиспитана оправданоста на таквите закони.

Според неодамнешното истржаување кое го спроведоа истражувачите од Универзитетот во Мичиген, во кое беше опфатена анализата на здравствениот картон на 19.995 лица кои биле стерилизирани, откриено е дека меѓу нив најчесто имало млади жени прогласени за промискуитетни, синови и ќерки, мексикански, италијански и јапонски имигранти, кои не биле во состојба да се грижат за нив, но и мажи и жени кои не се вклопувале во сексуалните норми.

Прелиминарната статистичка анализа демонстрира дека во текот на врвот на ова движење, имало 3,5 пати повеќе пациенти со шпански презимиња, за разлика од останатите.

Иако законот за стерилизација е напуштен во 1979 година, во Америка неодамна беше дозволена стерилизација на затвореници, за воља на вистината, со строги мерки на критериуми. Но, меѓу 2006 и 2010 година, 146 затвореници во два калифорниски затвори се стерилизрани без исполнување на тие критериуми, а барем уште 30 имале проблематичен процес на давање на одобрение на таквиот зафат.

Во повеќето случаи, имало Афроамериканки и Латиноамериканки. Лекарот кој бил одговорен за повеќето такви операции во духот на колегите од 30-те години, изјавил дека со тој зафат, државата заштедила многу пари, „во споредба со тоа колку би ја чинеле, непосакуваните деца, доколку и понатаму се размножуваат“.

Приказните за ваквите случи ги разоткри новинарот од Центарот за истражувачко новинарство во 2013 година, што конечно доведе до забрана на стерилизација во калифорниските затвори.

Овие откритија демонстрираат дека дури и во добата на биоетика, и свеста за неетични медицински експерименти, луѓето не се имуни на наследството од минатото.

Scroll to Top