Доктор Лидија Гајски: Измислуваат болести и луѓето ги трујат со лекови

By

Поранешен директор на една болница во Париз, доктор Филипе Евен и застапник во францускиот парламент и лекар Бернард Дебре во новообјавената книга „4000 корисни, бескорисни и опасни лекови“ наведоа дека половината лекови кои се издаваат на рецепт во Франција се непотребни и целосно неефикасни, а пет проценти од нив се опасни по здравјето на пациентите.

Лекарите тврди дека се изманипулирани од фармацевтите, а шефовите во здравствениот систем се вмешани во „наркомафијата“ за да од државата извлечат што е можно повеќе пари.

Колкава е денеска спрегата меѓу фармацевтите и лекарите?

Спрегата меѓу фармацевтите, односно медицинската индустрија и лекарите е многу проширена, би можеле да кажеме секаде е присутна, и важно влијае не само на функционирањето на здравствениот систем, туку и го обликува и самиот концепт на болести и лечење. Произведувачите на лекови денеска финансираат значител ден од истражувањето врзано со лековите, а лекарите-научници помагаат во добивањето на посакувани резултати. Низ професионална струшна обработка, во режија на компаниите, лекарите и наставниците ги фалсификуваат дотогашните откритија и ги дистрибуираат до клиничарите, а преку корумпираните медиуми и на пошироката јавност.

Во државните агенции и осигурителните домови, лекарите-експерти ги одобруваат фармацевските производи за пазарот и ги ставаат на листата на обврзувачко осигурување.

Во здравствената администрација, лекарите советодавци ја уредуваат политиката на лекови во интерес на нивните произведувачи, а при законодавната власт ги кројат законите по нивна мерка. Сите тие улоги и функции ги водат десетина водечки медицински експерти во земјите како нашите, и тие се најодговорни, заедно со политичарите, за ефектите дека здравствениот систем е претворен во елдорадо компанија на лекови и друга медицинска индустрија. Тие за тоа се разбира добро се наградени, со пари, професионален углед, па и политичка моќ. Корупцијата и ординациите се помалку важни, не само затоа што даровите се скромни, туку и поради тоа што „обичните“ лекари практичари не се ни свесни дека се корумпирани.

Дали некогаш пробале да ве подмитат? Дали сте прифатиле некое спонзорско патување?

Како и повеќето лекари, и мене фармацевските претставници ми доаѓаа со разноразни понуди. Застапник на една словенска компанија нудел пари за секој пациент кој ќе го пропишел нивниот лек, било да е само еднаш и никогаш повеќе. Вистина, на своја рака прифатив неколку платени конгреси, но поради тоа што почнав да истражувам и откако стекнав увид во корените на корупцијата, целосно престанв да посетувам такви конгреси. Од претставниците на медицинскиот естаблишмент често може да се слушне дека соработуваат со фармацевските компании во медицинската едукација која е нужна поради недостигот на јавни извори на финансирање. Тоа е целосна невистина. Скромните планирани стручни состаноци и предавања со професионални избрани луѓе, може да се направат и со мали средства. Содржината на меѓународниот конгрес е достапен на интернет, како и експертските списание кои на едноставен начин можат да се дистрибуираат на лекарите.

 

 

 

Рековте дека фармацевскиот комплекс се проширил до тој степен што ги потрошил сите болни луѓе, и сега влегува меѓу здравите на начин на кој ги претвора во болни и заработува на нив. Можете ли малку да ја елаборирате таа своја изјава.

До крајот на педесетите години, фармацевската индустрија можеше во исто време и да заработува и да ги лечи луѓето. Но, во последните неколку децении на плодно тло на медицината и здравството, каде никој не ги поставил границите, толку порасна да што две задачи станаа невозможно да се смират. Напросто дошло до „заситување на пазарот“ на болни луѓе. За да понатаму се заработува, би требало да се почне сега од здравите.

Продолжува

Ќе ви се допадне