Долгорочната експлоатација им штети на корпорациите

By

Капиталистичката работна етика и меѓучовечкиот однос во корпорациите се брутални. Работниците  се однесуваат меѓу себе како волци и се доживуваат како конкуренција, но дали ваквиот однос е навистина добар за фирмата?

dobivaj vesti na viber

Компаниите со корпоративна култура што ги понижува работниците, ги врти еден против друг и бара да работат повеќе за помалку пари можеби се краткорочно успешни, но на подолг рок нема да постигнат добри резултати, предупредуваат експертите.

Малтретирањето на работно место на крајот ќе доведе до пад на креативноста и заминување на работниците, што ќе ги погоди продуктивноста и приходите на компанијата.

„Мислам дека тоа долгорочно не е одржливо“, изјави експертот Лари Џонсон.

„Постојат бројни компании кои негуваат забавна и возбудлива деловна култура, и каде што луѓето не ги третираат како робови“, истакнал тој.

Американската деловна култура се најде под будното око на сè поразбудената јавност кога „Њујорк тајмс“ минатиот месец  го опиша технолошкиот гигант „Амазон“ како „грозно место за работа“.

Бројните работници работеле прекувремено, менаџерите ги понижувале, а колегите саботирале, напишал „Њујорк тајмс“.

Џеф Безос, извршниот директор на „Амазон“, кој го основал во 1994 година, изјавил дека тоа е „Амазон каков што тој не го познава“.

Тоа не е прва компанија што доживеала критики поради начинот на кој се однесува кон работниците.

Ким Камерон е професорка по менаџмент на универзитетот во Мичиген и вели дека секоја компанија што ги омаловажува своите работници ги намалува шансите за раст и равој.

„Бо можеле да растат и да се развиваат многу повеќе, три до четири пати повеќе применувајќи позитивна пракса“, изјавила таа.

Технолошката компанија „Гугл“ од 2015 година шест пати по ред е прогласена за најдобро место за работа во изборот на списанието „Фортун“.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне