Домазет Лошо: Масакрот во Барселона е дел од планот за создавање нов светски поредок

By

„Гледате дека само пред неколку дена имавме обид за силување во Загреб. Дали Владата се огласи по тој чин? Не, затоа што Пленковиќ не сака да реагира. Некаде имаме силување, некаде газење со автомобил, некаде колење свештеници.

Пленковиќ е доведен од Брисел да ја води нивната, а не хрватската политика, предупредува геостратегот Давор Домазет Лошо.

Над илјада хрватски средношколци овие денови треба да тргнат на матурски патувања во бројните европски туристички дестинации, но поради опасноста од тероризам, односно фактот дека најголем број ученици планирано е да минат во некои од шпанските, односно каталонските летувалишта, можно е Министерството за образование да упати препорака до школите да ги забранат патувањата.

Таквата информација е објавена во петокот, 18 август, на официјалните страници на Министерството за наука и образование.

„Апелирам до сите наставници, родители и ученици да комуницираат со надлежните тела за сите заедно да имаме точни информации за проценка на безбедноста“, изјавува министерката Блаженка Дивјак.

Министерството изјави дека според правилникот за изведување излети, екскурзии и други образовни активности надвор од школото, прво се утврдува темелна проценка на стапката на опасност и препорака од надлежните институции на РХ школскиот одбор, кој има право да забрани спроведување вакви активности.

Терористичките напади во Каталонија, каде загинаа повеќе и се повредени над стотина луѓе, почнаа да влијаат на илјадници граѓани, а тероризмот стана тема број еден во многу хрватски домови.

Како да се заштитат од тероризмот и што да направат ако повторно се случи? Дали Хрватска е загрозена и на кој начин може да се намали ризикот од слични напади ? Каква политика треба да води Хрватска за да не се случи крв по улиците како во Барселона. На овие прашања одговор дава Давор Домазет Лошу, познатиот геостратег и геополитички аналитичар и експерт за прашања по тероризам.

„Погрешно е еднострано да се гледа на тероризмот, односно да се анализира од шпански, каталонски или хрватски агол. Како прво, треба да знаеме каде и кога се појави тероризмот. Почна кога Џорџ Буш постариот тргна во рушење на постоечкиот геополитички поредок и воспоставување нов светски поредок.

Новиот поредок е творба во која би требало да постои само една светска држава, една вера, еден јазик, една валута, а ќе се оствари во разни етапи.

Но, новиот светски поредок не може да настане ако не се сруши Европа. Европа е дел од Азија, односно копно на кое живее повеќе од 60% од светското население, и на кое се наоѓаат многу природни ресурси, од резерви за енергенси до чиста вода.

Познато е дека Халфорд Џон Макиндер, еден од основачите на геополитиката, пред повеќе од стотина години утврдил дека тој кој  владее со Европа владее и со централниот остров, а оној кој владее со централниот остров владее и со светот.

Централниот остров е Евроазија, а Макиндеровата теорија до ден денешен е релевантна.

За да се создаде нов светски поредок, мора да се разорат постоечките држави. Тоа разорување тргна во деведесеттите години“, истакнува Домазет.

Тој потсетува на Авганистан, Ирак, на Африканската пролет, односно на Либија, доаѓањето на „Муслиманските браќа“ во Египет и протерувањето на тамошните христијани…

„Кој ги уништи тие земји под знамето на воведување демократија? Кој го создаде тероризмот? Кој ги создава непријателските ‘невладини организации’ и кој ги носи мигрантите во Европа создавајќи нов светски поредок? Џорџ Сорос, секако. Меркел и Макрон се кукли при извршувањето на оваа политика.

Зошто терористичкиот напад беше извршен во Барселона и во Каталонија? Тие сакаат да се одвојат од Шпанија. Сега тие ќе имаат причина за одвојување, така ќе можат подобро се одбранат од тероризмот. А тогаш слични барања ќе можеме да очекуваме и од Баскија. Целта е уништување на Шпанија.

Треба да се уништат постоечките држави за да се создаде нов светски поред. Треба да исчезнат суверените држави и христијаните во Европа за да може да се гради ‘нов свет’, смета Домазет.

 

Ќе ви се допадне