Доналд Трамп имал оргија со проститутки кои уринирале по него, британски агент тврди дека ја поседува снимката

Поранешниот британски шпион и агент на МИ6, Кристофес Стил, тврди дека поседува снимка од поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, како има оргија со проститутки. Трамп во Москва имал оргија со неколку проститутки, а Стил навел дека тие и уринирале по него.

Британскиот разузнавач тврди дека снимката од тие забави цело време била во рацете на руски разузнавачи кои ја чувале за да го уценуваат Трамп, доколку ден дојде време за тоа, пренесува британски “Bussiness Insider“.

Тој вели дека ваквата снимка би можела да го чини Трамп и неговите соработници многу скапо. Стил стана во фокусот на јавноста во 2017 година, кога излезе со извештај во кој наведе докази дека Трамп е човек на Русија и дека неговите луѓе се состанувале со луѓе блиски на Путин.

Сега тој повторно ја разбранува јавноста и покрај тоа што Трамп повеќе не е на чело на државата. Многумина сметаат дека тој сега повторно се јавил, затоа што Трамп има намера да се кандидира на следните претседателски избори, кои треба да се случат во 2024 година.

Во првичните извештаи кои ги објави Стил е наведено дека Трамп го водел и натпреварувањето на „Мис универзум“ во 2013 година, пред да почне да се занимава со политика.

Извештајот од пред четири години ги поттикнал Сенатот и ФБИ да започнат посебна истрага за мешањето на Русија во американските претседателски избори, но на крајот документот бил отфрлен бидејќи во себе не содржел вистински докази, туку се засновал на, како што рекле од ФБИ, на шпекулации. Истото тоа цело време го кажувал и Трамп.

Сепак, првиот извештај нанел прилична штета на неговиот углед, но и на кариерите на некои негови соработници. Исто така, потсетуваме, затворен е лидерот на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, како и советникот за кампањата Џорџ Пападопулос, додека од неговиот тим под притисок заминал Роџер Стоун, кој подоцна бил осуден на две години затвор за лажењето за руското мешање во американските избори.

Стил тврди дека во вториот извештај има поинакви извори отколку во првиот и дека тие ќе имаат огромно влијание.

Scroll to Top