Доналд Трамп обвинува: Ја криеја вакцината против коронавирусот за да не победам на изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека вакцината против коронавирусот намерно не била пуштена во употреба за тој да не победи на претседателските избори.

Тој објасни дека веста за ефикасноста на вакцината против Ковид-19 била објавена еден ден по претседателските избори, само за тој да не победи.

„Агенцијата за лекови требаше порано да го објави тоа, но не од политички причини. Многу од животите ќе беа спасени“, напиша Трамп на „Твитер“.

Во серијата твитови Трамп истакна дека агенцијата и Демократската партија не сакале тој да победи благодарение на откривањето на вакцината, туку чекале пет дена за тоа да го објават.

Трамп навел и дека и со Бајден како претседател вакцината немало да биде откриена толку бргу.

„Да беше Бајден претседател, немаше да имате вакцина уште четири години, ниту ФДА ќе ја одобреше толку бргу. Бирократијата ќе уништеше милиони животи“, напиша Трамп.

Тој ги обвини и медиумите поради прогнозата на изборите резултати кои биле толку лоши што, всушност, претставувале мешање во изборите и требало да бидат повикани и да одговараат за тоа.

„Јас ќе бидам тука повторно за четири години за да повторам сè“, вели Трамп.

Фармацевската компанија Pfizer од САД и германскиот Bionteh соопштиле дека вчера нивната експериментална вакцина има ефикасност од над 90 % во спречувањето на Ковид-19 врз основа на почетните податоци од големите студии, што е голема победа во борбата против пандемијата.

Scroll to Top