Државата одзема приватни имоти за да им ги додели на мигрантите

By

Германските власти во градот Хамбург почнаа да одземаат станбени апартмани против волјата на сопствениците за да одговори на огромниот прилив на мигранти во градот.

Властите запленија шест станбени единици во близина на центарот на градот. Во моментот се врши адаптација на истите објекти, и тоа против волјата на сопствениците. Становите ќе се даваат на мигрантите по многу пониски цени.

Слични мерки се предложени и во Берлин, главниот град на Германија.

Во Хамбург пристигнуваат по 400 мигранти секој ден, а планот за експропријација ќе се спроведува и во иднина.

Експропријацијата е озаконета со хамбуршкиот закон за заштита на недвижности од 1982 година, кој е обновен од страна на градските социјалистички власти во мај 2013 година за да се овозможи градот да ги користи сите станбени единици што се слободни во период поголем од четири месеци.

Според процените направени од страна на Сенатот во градот Хамбург, од 700.000 единици што се дадени под кирија, меѓу 1.000 и 5.000 (нешто помалку од еден процент) се сметаат дека се празни.

Градските власти се изјаснија дека ваквата мерка била нужна затоа што речиси секој ден во градот пристигнуваат повеќе од 400 нови мигранти, а сите постојни засолништа за имигранти се полни.

 

 

 

Ќе ви се допадне

free anime. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 9

4Anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

watch anime free 4Anime Horimiya

High School DxD Episode 4

DARLING in the FRANXX