Два услова треба да бидат исполнети за животот се врати во нормала по коронавирусот, вели Бил Гејтс

Милијардерот Бил Гејтс вели дека живоот ќе се врати во нормална состојба по пандемијата со коронавирусот кога ќе се исполнат два услови. Тој вели дека прво е потребно да се појави друга генерација на вакцини, а втор услов е кога вирусот ќе исчезне од целата планета.

„Единствен начин да ја вратиме нормалноста е да се појави не првата генерација на вакцини, туку втората. Таа ќе биде суперефикасна и голем број на луѓе ќе ја примат. Така глобално ќе ја елиминираме болеста“, изјавил Гејтс.

Тој додал дека единствено така ќе може да се решат сите проблеми кои се појавиле во образованието, менталното здравје и на тој начин ќе можеме да продолжиме да ги градиме на позитивен начин.

Според новите стандарди на Гејтс, со кои ја помести летвичката, очекувањата, кога е во прашање пандемијата, во однос на она што го изјавил пред месец дена, Американците можеби ќе мора да живеат со години, а некои и цел живот, држејќи физичко растојание.

Гејтс вели дека ќе мора да се почитуваат и другите епидемиолошки мерки, кои се воведени во борбата против коронавирусот. Гејтс пред месец дена најави дека САД ќе може да се врати во нормална во летото 2021 година, благодарение на вакцините.

Тогаш најави дека неколку вакцини од првата генерација ќе можат да добијат одобрение за употреба на почетокот на следната година. Гејтс повторно го критикуваше американскиот пристап во борбата против пандемијата, нарекувајќи ги едни од најлошите во светот.

Тој ги критикуваше сите, освен агресивното инвестирање во развојот на вакцината. Гејтс најави дека резултатите од тестирањето често не стигнуваат во рок од 24 часа и за него ваквата мерка е целосно бесмислена.

Исто така изјави дека американскиот систем на тестирања, е еден од налошите во светот, според критериумите за тоа кој треба да биде тестиран.

„Ќе има уште многу мртви ако не дејствуваме заедно“, изјавил Гејтс.

Неговите критики доаѓаат во моменти кога американскиот претседател, Доналд Трамп, го нарече одговорот на САД на пандемијата феноменален и изјави дека тие ги спасиле животите на потенцијални милиони жртви.

Трамп, кој е тестиран позитивно на коронавирусот на 1 октомври, потоа изјави дека се излекувал благодарение на експерименталните третмани со моноклонални антитела.

Основачот на „Мајкрософт“ на тоа одоговрил дека е погрешно да се говори за излекување затоа што терапијата што ја примил Трамп не е ефикасна кај секој пациент, но додава дека засега најмногу ветува.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ летово влезе во партнерство со компанијата „Ели Лили“, која развива терапија на моноклонални антитела.

Scroll to Top