Двајца руски политичари променија име и личен опис за да ги збунат гласачите на опозициски кандидат на претстојните локални избори

By

Двајца руски кандидати за градоначалници, го промениле своето име во Борис Вишневски, со цел да ги збунат гласачите на престојните избори. Тие сега имаат исти имиња како и истакнатиот опозициски политичар, а и изгледаат идентично. Проќелави се и имаат уредно потстрижена брада.

Вишневски рече дека ова е политичка измама и дека тие не учествуваат на изборите за да победат, или за да претстават некаква политичка програма, туку само за да ги збунат избирачите.

„Тоа е политичка измама. Тие не учествуваат на изборите за да победат или да ја претстават нивната политичка програма, туку да ги збунат гласачите. Тие не само што си ги променија имињата, туку и личниот опис“, вели 65-годишниот Вишневски од либералната партија Јаблоко.

Тој дополни дека користењето двојници е позната тактика на изборите во Русија.

„Еден од моите имењаци порано се викаше Виктор Биков, член на крајно непопуларната партија Обединета Русија. Пред да стане Борис Вишневски, тој и изгледаше поинаку, немаше брада“, рече Вишневски.

Според независниот весник „Новаја газета“, вистинското име на едниот лажен Вишневски е Алексеј Шмелев. Шефицата на Централната изборна комисија на Русија, Ела Памфилова, рече дека тоа е срамота и исмевање на гласачите, но, дека не можеле ништо да преземат.

За потсетување, подоцна овој месец, руските гласачи ќе избираат градоначалници во Русија, а битката на тројцата кандидати со исто име Борис Вишневски, ќе ја водат во вториот по големина град во Русија, Санкт Петербург.

Вистинскиот Борис Вишневски, ќе бара нов мандат во регионалниот парламент.

 

Ќе ви се допадне

AnimeBee: CLAMP School Detectives (Dub) anime episode 26 online free at https://animebee.to watch anime online

Tengen Toppa Gurren Lagann: Ore no Gurren wa Pikka-Pika!! (https://kissanime.mx/m/Z7ma) Episode Full

TwistMoe: Vandread anime episode 13 online free at https://twistmoe.net anime twist app

Watch Ani ni Tsukeru Kusuri wa Nai! 4 Episode 12

Yoomark: https://yoomark.com/users/kissanimemx

Huntingnet: https://www.huntingnet.com/forum/members/kissanime-contact-gmail-c.html