Ентони Де Анџелис е човекот кој можел да го уништи „Волстрит“

На средината на шеесетите години од минатиот век, Ентони „Тино” Де Ангелис, можел целосно да го уништи „Волстрит“ преку нелегална продажба на масло за јадење.

Ентони бил измамник, кој своето искуство го развил прво со продажба на расипано месо кое го продавал низ школите во САД. Ентони банкротирал откако властите го откриле дека расипаното месо го продавал по висока цена. Сепак претходно успеал да продаде преку 1000 тони месо.

Сознавајќи дека лесно може да ја измами Владата на САД, Ентони одлучил подоцна да се занимава со продажба на масло за јадење и ја основал компанијата Alajd Krud Oil Refajning.

Ентони имал на ум вишокот масло за јадење кое ќе се произвело во САД да се продава во Европа во рамки на програмата „Хрна за мир“.

На почетокот Ентони продавал огромни количини на масло, а подоцна својот бизнис го проширил и на продажба на памук и соја. Како што му се ширел бизнисот, тој станал важен играч на пазарот на масло, па одлучил своите залихи да ги користи како залог за добивање на заем од банките.

Купувал обврзници што дополнително ја зголемила цената на маслото. Преку неговата компанија „Американ експрес“ успеал непостоечките залихи на масло за јадење да ги искешира.

Подоцна фалсификувал потврди за залихите и на тој начин им ја зголемил цената за двојно повеќе. Во огромните резервоари во кои требало да има тони масло, истурал моска вода, а преку неа само тенок слој на масло.

Некои резервоар ги поврзувал со цевки, па маслото од еден го претурал во друг. Ентони преку својата компанија, благодарение на поголемите пријавени залихи на масло низ целата територија на САД, успеал да позајми пари од 51 компанија. „Американ експрес“ имала роба во вредност од 160 милиони долари, а во реалноста имала само 6 милиони долари.

На 16 ноември 1963 година, падот на цената на маслото, ги срушила неговите планови. Ден подоцна Ентони поднел барање за банкрот. Атентатот на претседателот Кенеди се случил на 22 ноември, а акциите на берзата почнале нагло да паѓаат. Поради атентатот, берзата била затворена неколку дена и тоа на надлежните служби им дало доволен број денови да се позанимаваат со Ентони. Доколку Ентони продолжил да го шири својот бизнис, Вол Стрит и светската берза сериозно би биле затресени.

Од 150 милиони долари колку што имал позајмено, надлежните успеале да вратат само половина милон во една швајцарска банка. Ентони бил осуден на 7 години затвор. Излегол во 1972 година.

Scroll to Top