Епстајн една од девојките ја запознал и со Доналд Трамп и принцот Ендру, сведочеше една од жртвите на милијардерот педофил

By

Првата жена која ја обвини Гислејн Максвел, партнерката на милијардерот педофил Џефри Епстајн, вчера сведочеше пред судот. Таа рече дека Епстајн ја запознал и со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кога имала само 14 години.

Сведокот тврдеше и дека еднаш влегла во авион со британскиот принц и синот на кралицата Елизабета, Ендру, но пред судот не ги обвини ниту Трамп ниту војводата од Јорк за  какво било недолично однесување.

Наводната жртва на Епстајн, за која пред судот го користела псевдонимот Џејн, ова го рече додека беше на вкрстено испрашување од страна на еден од адвокатите на Максвел.

„Господин Епстајн ве запознал со Доналд Трамп, тајно?“, ја праша адвокатот на одбраната Лора Мениндгер.

„Ве одвел во Мар-а-Лаго, кога сте имале 14 години, како што тврдите?“, го прашала Менидгер сведокот, мислејќи на куќата на поранешниот претседател на САД во Палм Бич на Флорида.

Потоа ја прашала дали влегла во темнозелен автомобил кога се запознала со Трамп, на што Џејн одговорила потврдно, пренесува британски „Гардијан“.

.Адвокатот на одбраната исто така ја прашала Џејн дали се сеќава на летот во кој била со принцот Ендру. Џејн исто така одговорила потврдно. Џејн во вторникот изјавила дека Максвел ја вовлекла во предаторската орбита на Епстајн кога имала 14 години.

Џејн тврдела дека Максвел повремено била присутна кога Епстајн сексуално ја злоставувал. Таа тврдела дека понекогаш и таа учествувала во средбите.

Епстајн, милијардер и осуден сексуален претстапник, кој соработувал и со принцот Ендру, се уби во затворот во Њујорк во август 2019 година, додека го чекаше судењето во кое беше обвинет за трговија со луѓе.

Максвел, ќерка на покојниот британски норинарски могул, Роберт Максвел, беше уапсена во нејзиниот луксузен имот во Њу Хемпшир во јули минатата година. На неа и се суди по 6 точки, кои се однесуваат на нејзината наводна вмешаност во сексуалното злоставување на тинејџерки на Џефри Епстајн. Таа се изјасни дека не е виновна по сите точки од обвинението.

 

 

Ќе ви се допадне

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

animes online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

GoGoAnime Death Note (Dub)

GoGoAnime The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants Episode 4

GoGoAnime The Rising of the Shield Hero (Dub)

SK8 the Infinity