ЕУ го укинува ФМ-радиото и гради ХААРП-постројка во Норвешка со 50.000 антени

By

Најпознатата ХААРП-постројка во Америка се наоѓа во Гакона, Алјаска, и таму, според податоците, може да најдеме 180 антени, високи и над 20 метри. Европската Унија гради нова ХААРП-постројка во Норвешка, која според службените податоци ќе има од 50 до 100.000 антени.

Никогаш не верувајте во службените причини за изградба на вакво нешто. Постои многу повеќе од приказните што ви ги имаат кажано. Каква приказна стои зад изградбата на ваква ХААРП-постројка?

Службено, се смета дека моќниците веруваат оти на овој начин ќе донесат одлука за отстранување на радио ФМ-подрачјето затоа што дигиталниот пренос е многу поевтин за одржување и нуди повеќе можности. Технички, ова би можело да биде вистина, но правата вистина за исклучувањето на ФМ е многу поддлабока од тоа што досега го имате слушнато.

Изразот ФМ-појас се користи за да се опише фреквенцискиот појас кој во одредена земја е предвиден за ФМ-радиодифузија. Норвешка не само што го исклучува ФМ-подрачјето затоа што дигиталното радио е подобро, туку и ќе се ослободи од ФМ-подрачјето за другите намени што треба да стигнат набргу, така што ФМ-појасот нема да биде тивок подолго време!

ФМ спаѓа во VHF (високофреквентно) подрачје. Норвешка е на место и локација на европскиот EISCAT, европската VHF-верзија на ХААРП.

Имајќи го предвид тоа, од јануари 2015 година Норвешка ќе почне со унапредување на EISCAT 3D, кој треба да биде завршен до 2017 година. Тој гради пет верзии на антени од типот ХААРП, кои работат заедно во спрега користејќи го VHS-појасот (појасот за мошне високи фреквенции)!

Ќе ја цитираме само литературата од EISCAT 3D-проектот:

„Системот се состои од пет фазни антенски полиња, кои ќе се наоѓаат во северното подрачје на Финска, Норвешка и Шведска, и секоја со речиси 10.000 кружни диполни антенски елементи. Една од тие 5 полиња (главната станица) ќе пренесува радиобранови на 233 MHz, а сите пет полиња ќе имаат чувствителни приемници за мерење на повратните радиосигнали“.

EISCAT_3D

Значи, не само што овој систем ќе се користи за манипулација на временските услови туку системот ќе се користи и како мегарадар кој ќе се користи во воени цели и кој ќе ги надгледува цела Европа и Русија.

За да се разбере како фреквенциите се преклопуваат, ФМ-радиото во појас од 100 MHz, ЕISCAT ќе работи во појас од 200 МHz. Погледнете ги графиконите подолу кои се делат на РF (радиофреквенциски) спектар.

spektrum-radio

RF-polja

Ако сте мислеле дека ХААРП-постројките на Алјаска се големи, само почекајте да ја видите EISCAT 5-постројката во ЕУ, која допрва треба да се гради.

Норвешка гради пет постројки – полиња со 10.000 диполни елементи во полето!

Очигледно е дека овој европски високофреквентен ХААРП ќе биде повеќе како рок-бенд отколку еден ХААРП кој самиот свири на својата гитара. Ќе биде во состојба да создаде скалести бранови со помош на голема енергија на големи далечини, а тоа е една од очигледните цели на оваа програма. Разгледајте ја малку EISCAT-документацијата.

Ова поле ќе биде во можност да покрие цел VHF-спектар. Тоа значи дека сите други што во моментот користат VHF (ФМ) ќе имаат пречки што ќе доаѓаат од Тромсо, Норвешка, и од финското подрачје, каде што се наоѓаат антените.

Така ќе се вклучи ФМ во 2017 година кога ќе се стават во функција EISCAT VHF-постројките.

Текстот штоциркулира во вестите:

Во 2017 Норвешка ќе биде првата земја што ќе го згасне ФМ-радиото

„Норвешка ќе го згасне ФМ-радиоподрачјето на почетокот на 2017 година. Норвешкото Министерство за култура ова го финализира оваа недела, што значи дека Норвешка ќе биде првата земја што би можела да остане без ФМ-радио во целост. Земјата планира да премине на дигитално аудиобродкастинг (DAB) како национална норма.

Изјавата објавена оваа недела од страна на Министерството за култура го потврдува датумот за згаснување што го предложи норвешката влада во 2011 година. Владата заклучила дека земјата е во состојба да ги исполни сите барања потребни за лесно преминување на дигиталниот сигнал на емитување – DAB.

DAB на слушателите ќе им овозможи значително поголем избор на радиостаници од досегашните, но и подобар квалитет на звукот и приемот.

DAB овозможува емитување на над 10 радиостаници на истиот канал/фреквенција, што придонесува за заштеда на спектарот и значително поголеми слободни фреквенции за сите оние што сакаат да покренат радиостаница.

И додека на Балканот сите ние преминавме на дигитално телевизиско емитување, релативно брзо, уште во 2010 година, што се однесува до дигиталното радио, сè уште се водиме како во камената доба.

Иако уште во 1997 година со пробното емитување на програмата на Хрватското радио во DAB-техниката, тоа се заврши во 2011 година, така што Хрватска во моментот е една од ретките земји во Европа која нема дигитално радио.

Норвешкото згаснување на ФМ ќе почне на 11 јануари 2017 година, а ХААРП-станицата ќе биде во функција со своите 50.000 диполни антени.

Ќе ви се допадне

AnimeDao a silent voice animedao: High-Rise Invasion (https://animedao.nl/m/gVjq) Episode 12

AniWatch anime websites: High School DxD (https://aniwatch.pro/m/vNr) Episode 12