Европскиот суд за човекови права пресуди дека Русија е виновна за убиството на шпионот Александар Литвиненко

Русија е прогласена за виновна за убиството на поранешниот шпион Александар Литвиненко, соопшти денес Европскиот суд за човекови права.

„Русија е виновна за убиството на Александар Литвиненко во Велика Британија во 2006 година“, пишува во соопштението на судот.

Литвиненко бил поранешен агент на FSB, кој починал три недели откако испил чај во хотел во Лондон. Во пијалакот му бил ставен смртоносен полонијум-210. Според пишувањето на странските медиуми, британската истрага утврдила дека го отруле агентите Андреј Луговој и Дмитри Ковтун, по наредба на Путин.

За потсетување, Русија одбила да ги испорача агентите на британските власти, а Луговој во 2015 година бил награден со орден за „Служба на татковината“.

Откако ја напуштил FSB, службата која настанала по KGB, Литвиненко станал голем критичар на властите во Русија, односно на Путин. Дури го обвинил рускиот лидер дека го наредил убиството на новинарката Ана Политковска.

 

Scroll to Top