„Фејсбук“ го избрал профитот на сметка на сузбивање на говорот на омраза, открива свиркач од компанијата на Цукерберг

„Фејсбук“ го избрал профитот на сметка на сузбивање на говорот на омраза, открива свиркачот Фенис Хоген, која работела како менаџер во компанијата на Цукерберг.

Хоген во неделата во телевизиската програма „60 минути“ ја обвини компанијата во која работела дека во повеќе наврати им давала предност на профитот над сузбивањето на говорот на омраза и дезинформациите. Таа рече дека биле поднесени најмалку осум тужби од американскиот регулатор за хартии од вредност.

Хоген била една од менаџерите во компанијата на Цукерберг и смета дека синоќешниот пад на „Фејсбук“ е поврзан со политиката што ја води.

Илјадници корисници синоќа пријавија проблеми со „Гугл“, „Амазон“, „Тик-ток“, „Зум“, „Твитер“, „Снепчет“, „Редит“ и други апликации, а без интернет останаа десетици илјади корисници на големите компании, како што се „Верајзон“, „Т-мобиле“ и АТ&T.

Таа помогнала и во инцирањето на истрагата на „Волстрит џурнал“ и на сослушувањето во Сенатот за штетата што „Инстаграм“ им ја нанесувал на тинејџерките.

„Фејсбук“ бил на удар на критики откако интерни документи што ги објави „Волстрит џурнал“ покажале дека компанијата била свесна дека „Инстаграм“ му штети на менталното здравје на младите корисници.

Хоген сведочела и пред еден пододбор на Сенатот на рочиштето со име „Заштита на децата на мрежата“, на која се говори за влијанието на „Инстаграм“ што го прави врз менталното здравје на младите корисници.

„Имаше конфликт на интерес меѓу она што е добро за јавноста и тоа што е добро за ‘Фејсбук’. И ‘Фејсбук’ секогаш од почетокот ги избираше своите интереси, како што е заработувачката на пари“, рече таа.

Хоген, која претходно работела и во „Гугл“ и во „Пинтерест“, изјавила дека „Фејсбук“ ја лажел јавноста во напредокот што го постигнал во сузбивањето на говорот на омраза и дезинформации на својата платформа.

Извршниот директор на „Фејсбук“ во неделата рече дека не верува оти таа мрежа придонесува за политичка поларизација, која станала широко распостранета во САД. За потсетување, падот на социјалните мрежи на компанијата „Фејсбук“ открива неисправна промена на конфигурацијата.

„Извинете поради денешниот прекин. Знам колку ви значат нашите услуги за да останете поврзани со луѓето што ви се многу важни“, рече Цукерберг.

Извинување упатија и од компанијата „Вацап“.

„Им се извинуваме на сите што не можеа денес да го користат „Вацап“. Почнуваме полека и внимателно да се враќаме во функција. Ви благодариме за трпението. Ќе продолжиме да ве известуваме веднаш кога ќе добиеме повеќе информации“, навеле на „Твитер“.

 Сноуден се забавувал

Додека луѓето во светот се нервираа затоа што останаа без социјалните мрежи и сервисот за пораки, најпознатиот светски свиркач, Едвард Сноуден, во серијата твитови се огласи и за новиот проблем со „Фејсбук“.

„Интернет-гигантите беа офлајн денес и нема никогаш да се вратат. Што ќе се случи утре? Почнува златната доба или колапс. Ќе се храниме со глувци?“, ги праша Сноуден своите следбеници во една анкета.

Речиси 80 % од нив му одговориле дека доаѓа златна доба.

„На еден ден светот остана поздраво место“, порача Сноуден и рече дека падот на социјалните мрежи е пример и разбивање на нивниот монопол на најмалку три дела и не било така лоша идеја.

Сноуден на корисниците им порача, наместо „Вацап“, да го користат сервисот „Сигнал“, што го поддржа и основачот на „Твитер“, Џек Дорси.

Scroll to Top