(Фото) Меланија се плаши од Доналд Трамп

Графологот и аналитичарка на ракописи, Шејла Курц, вели дека првата дама на САД, Меланија Трамп, се плаши од нејзиниот сопруг. Таа вели дека до ваков заклучок дошла, додека го проучувала нејзиниот ракопис.

Ракописите на Меланија и американскиот претседател Доналд Трамп, се речиси идентични. Тоа може да се види и на писмото кое Меланија го потпишала и испратила до претставниците на здружението ПЕТА. Истовремено Меланија ѝ се заблагодарила и на Памела Андерсон за подарениот капут од вештачко крзно.

Курц смета дека сличноста на двата поптиса упатува на тоа дека Меланија се обидува да го копира својот сопруг. Прашањето кое само се поставува е дали тоа го прави на сопствена волја, како имитаторка, или пак е до таа мерка исплашена од својот застрашувачки сопруг, што изгубила и дел од сопствениот идентитет, објаснува Курц.

„Сличноста е неверојатна, но јасно е дека потписот е стилизиран и дека Меланија го има увежбано“, вели Курц.

Аналитичарите веќе претходно имаат заклучено дека од ракописот на Трамп може да се види дека тој е егоцентричен, претерано самоуверен и дека е многу нарцисоиден човек, чија одлучност се граничи со рационалното постапување.

Меланија во јавноста е позната како жена со многу трофеи, но исто така за неа се говори и дека е малтретирана и само фикус на нејзиниот сопруг. Постоеше период кога за неа се зборуваше дека сака да се разведе од Трамп, кој не и дозволил за да не се наруши неговата репутација.
Иако во јавноста веќе од поодамна е познато за неговите неверства кон меланија. Во јавноста секојдневно излегуваа нови теории за бизарните врски на американскиот претседател.

Графолозите и експертите за ракописи, велат дека преку автентичните ракописи, можат да дознаат за карактеристиките и емоциите на личностите, кои се индивидувални во еднаква мерка како и еден отпечаток од прст.

Scroll to Top