(Фото) Мистериозни траги сними сателитот на НАСА на Сибир, од агенцијата не знаат за што станува збор

By

Сателитот на „НАСА“, „Ландсат 8“, над Сибир, снимил чудни траги, кои наликуваат на ленти. Експертите од американската вселенска агенција, велат дека немаат одговор за што би можело да станува збор. Снимките се направени во близина на реката Марке.

На нив може да се забележат темни и светли ленти од двете страни на реката. Збунувачкиот ефект е видлив во сите четири годишни доби, но, најмногу е забележлив во текот на зимата, кога сликата може да биде уште поостра.

Научниците се обидуваат да одгатнат зошто овој дел од Сибир изгледа така како што го гледаат на снимките. Засега, има неколку различни објаснувања.

Одговорот може да лежи во заледеното земјиште. Овој регион на Средносибирската висорамнина, дури 90% од годината е покриен со пермафрост, иако во кратки интервали истиот се топи. Познато е дека делови од земјата кои постојано се замрзнуваат и одмрзнуваат, и повторно смрзнуваат, примаат необични кружни или пругести структури.

Ова го велат научниците во студија објавена уште во јануари 2003 година, во списанието Science. Ефектот се јавува кога земјиштето и камењата природно се сортираат за време на циклусот на смрзнување и одмрзнување.

Друго можно објаснување е ерозија. Томас Крафорд, геолог од Американскиот геолошки завод, изјавил дека лентите потсетуваат на седиментни карпи, познати во геологијата како слоевит колач. Овие карпи се јавуваат кога стопениот снег или дожд се сливаат надоле и ги чистат парчињата карпи.

„Процесот може да открие плочи од седиментите, кои изгледаат како парчиња на слоевит колач“, изјавил Крафорд.

Тој вели дека делови со темните ленти, ги претставуваат пострмните површини, додека посветлите ги означуваат рамните подрачја. Според НАСА, ваквото објаснување е најмногу веројатно, но додека регионот не се проучи детално, оваа појава ќе остане голема мистерија.

 

Ќе ви се допадне

Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1 at website https://wcostream.cc. See more watch anime dub

Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 8 at website https://animedao.nl animedao food wars

AnimeFreak