Во југозападниот дел на Англија, неодамна се одржа аеромитнг на кој некои од публиката успеаја да снимат неидентификуван предмет кој летал меѓу борбените авиони.
Фотографиите се објавени на социјалните мрежи, а луѓето кои го снимија рекоа дека летало со голема брзина и дека е фатено точно на средината кога авионите правеле формација.
„Сигурно леташе со 1.500 километри на час. Исчезна во моментите кога помина покрај „Црвените стрели“. Беше многу опасно“, рекоа тие.
Фотографиите ги направила Ема Смит, за време на English Riviera Airshow со кој беше означен почетокот на летната туристичка сезона, пренесе „Девон лајв“ .
„Ги проверував моите фотографии од „Црвените стрели“ и забележав црна дамка блиску до авионот. Зумирав и не можев да верувам што гледам. Имаше облик на НЛО. Искрено не верувам во таквите приказни за вонземјани, но ова е тешко да се објасни“, рече таа.