(Фото) Пријател на Хачинс ја објави последната фотографија од сетот со убиената снимателка и ја обвини продукцијата дека за да заштеди пари ангажирала непрофесионалци за оружје

Серџ Светној кој работел како електричар на филмот „Рѓа“, во кој Алек Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс, ја објави последната нејзина фотографија снимена на сетот. Во филмот кој се снимаше во Ново Мексико, Болдвин го рани и режисерот Џоел Соуза.

Светној вели дека до несреќата дошла затоа што продукцијата сакала да заштеди пари и да не ангажира професионалци за оружје кои си ја знаеле работата.

„Бев со неа во последните мигови. Нејзината крв беше на моите раце. Морам да кажам дека тоа беше последица на невнимание и непрофесионализам. Невнимание на луѓе кои требаа да го прегледаат оружјето на сетот, а тоа не го направија. Лицата кои требаа да го проверат оружјето пред да го донесат на сетот исто така не си ја завршија работата. Како последица на тоа е смртта на еден човек“, рече Светној.

„Имавме професионалци на сите подрачја, но не и луѓе кои требаа да бидат одговорни за оружјето. Тие требаше да си ја знаат работа. Тоа се луѓе кои имаат рефлекси за такви работи. Но, продукцијата за да заштеди пари, вработува луѓе кои не се квалификувани и на тој начин го ризикуваат животот на другите“, рече Светној и им порача на сите продуценти да вработуваат професионалци затоа што на тој начин си го купуваат мирот и за себе и за луѓето околу себе.

„Никакви пари не вредат колку човечкиот живот. Запаметете го тоа“, рече Светно.

И самиот помошник на режисерот Дејв Халс и призна на полицијата дека не проверил дали во пиштолот на Болдвин има вистински или лажни куршуми. Тој во прекршочниот суд во Санта Фе рече дека пред пробата оружарката Хана Гутиерес-Рид му го покажала пиштолот кој подоцна го користел Болдвин и дека во него видел три куршуми.

Според судските документи, Халс знаел дека треба да ги провери сите куршуми, но, признал дека не го сторил тоа.

Scroll to Top