Франција со години криела за штетноста од нуклеарните тестови во Француска Полинезија, сега е откриено колку луѓе заболеле од опасни болести

Франција постојано го намалувала бројот на погубното влијание од нивните нуклеарни тестови кои ги правела во Францускаа Полинезија во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век. Ова го покажува најновото истражување, на основа на кое повеќе од 100.000 луѓе би можеле да бараат оштета.

Од 1966 до 1996 година Франција во Француска Полинезија извела 193 нуклеарни тестови, вклучувајќи 41 тест во атмосферата во 1974 година, по што локалните жители и француските војници биле изложени на високо ниво на радијација.

Анализирајќи ги податоците од документите на француското Министерство за одбрана на 2000 страни, од кои неодамна беше тргната ознаката доверливост, како и со помош на мапи и фотографии и други записи, но и сведоштва на луѓе, истражувачите успеале да реконструираат три клучни нуклеарни тестови и размери од нивните радијации.

Утврдено е дека тестовите изведени во 1966 година, 1971 година и 1974 година, биле многу поголеми од што официјално е признато, пишува „Гардијан“.

„Државата многу се трудела да го отстрани токсичното наследство од овие тестови“, изјавил Џефри Ливолси, уредник на истражувачкиот медиум „Дисклоуз“, кој меѓу останатите, учествувал во истражувањето.

„Ова е вистински научен обид да се измери обемот на штетата и да им се признае на илјадниците жртви за францускиот нуклеарен експеримент на Пацификот“, изјавил тој.

Францускиот институт за здравје и медицинско истражување неодамна објави извештај за здравствените последици, тврдејќи дека не може со сигурност да заклучи дека постои врка меѓу нив и бројните случаи на канцер на тамошните острови.

Според извештајот, последниот француски тест на бомбата „Кентаур“, сугерира дека Париз ја потценил контаминацијата на Тахити, за дури 40%, што негативно влијаело на здравјето на десетина илјади луѓе.

Доверливиот извештај од полинезинското Министерство за здравство, говори дека околу 1000 жртви од нуклеарните тестови примиле доза на радијација пет пати поголема од квалификуваното ниво за оштета.

Истражувачите сметаат дека целата популација на Тахити и другите острови, со вкупно околу 110.000 луѓе, поради само еден тест, биле изложени на прекумерна доза на радијација.

Рак на тироидната жлезда, грлото и белите дробови, како и леукемија и лимфа, поврзани со труење со стронцијум и целзијус, преовладуваат меѓу заболените жртви од островот, велат истражувачите на основа на разговорите со мештаните.

Истражувачите споменуваат за првпат дека 2000 од 6000 француски војници, кои учествувале во тестовите, во периодот меѓу 1966 и 1974 година, добиле некаков вид канцер.

Франција сè до 2010 година не ја образувала комисијата за оштета на цивилни и воени жртви, а заинтересираните мораат да докажат дека живееле во тоа време во Француска Полинезија и дека заболеле од еден од 23 видови рак, кои се признаваат како резултат на радијацијата за да добијат надомест.

Досега, оштета добиле само 454 лица, додека повеќе од 80 барања биле одбиени. Многу семејства, чии членови имаат различни видови рак, се откажале од поднесувањето на барањата за оштета, велат истражувачите.

Заинтересираните немаат доволно медицински информации за пополнување на барањата, ниту, пак, средства да го утврдат точното ниво на радијација на кое биле изложени.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top