Француски турист тврди дека го видел чудовиштето од Лох Нес

Француски турист Етјен Камел, тврди дека го видел и фотографирал чудовиштето од езерото Лох Нес. Камел е фармацевт од Лион и со сопругата Елијан велат дека додека шетале покрај западниот дел од езерото, го забележале чудовиштето. Виделе темна форма, долга 65 метри како се плива под површината.

„Беше чудно. Јас сум човек на науката, па никогаш не верував дека постои чудовиштето од Лох Нес и дека е вистинско, праисториско животно. Но, кога фотографирав, со сопругата видовме олга, сенка“, изјавил Етјен.

Тие забележале во езерото се создаваат бранови на 150 метри далечина. Трагата од овие бранови била долга 15-20 метри.

„Не можеме да кажеме дали е животно, но со сигурност тврдам дека нешто се движеше под водата. Никогаш не сум видел вакви работи во езерата“, рече Етјан.

За потсетување, првите приказни за чудовиштето Неси, се појавија во 1933 година. Прв кој го видел била Франческа Мекгарви од Каслхед, Пејсли. Таа видела темна форма како излегува од водата.

Медиумите тогаш пишуваа дека суштеството личи на плезиосаурус, вид на морски рептил изумрен повеќе од 65 милиони години.

Scroll to Top