Фудбалерот Пол Погба добил уцени од брат му, му се заканил дека ќе објави компромитирачки видеа

Францускиот фудбалер Пол Погба ги осуди заканите и обидите за изнуда од неговито роден брат Матијас Погба. Светскиот шампион од 2018 година, реагираше откако Матијас на социјалните мрежи вети дека ќе открие во јавноста компромитирачки видеа од неговиот брат.

„Неодамнешните изјави на Матијас Погба на социјалните мрежи, за жал не се за изненадување. Тие покрај закана, се и обид за изнуда од страна на организирана банда“, е наведено во соопштението кое Погба го пуштил во јавноста.

На него се потпишани и нивната мајка, адвокатот на Пол Погба и неговиот агент Рафаел Пименте.

„Надлежните органи во Италија и Франција се известени од пред месец дена и нема да има повеќе коментари во врска со истрагата која е во тек“, е додадено во соопштението.

Во видеото кое го објавил Матијас, кој исто така е фудбалер, најави дека ќе ги открие сите големи работи за брат му и за Пименти. Видеото е објавено на социјалните мрежи на четири јазици. Матијас рече дека целиот свет, вклучувајќи го и Јувентус и спознорите, заслужуваат да знаат одредени работи за Погба и дека сака да ги запознае со фактите и тие самите да одлучат дали тој ги заслужува нивното восхитување и почит.

Според податоците на AFP и нивните извори, од Пол Погба се бара голема сума на пари, ако сака да го избегне ширењето на наводните компромитирачки снимки.

За потсетување, Пол Погба во летниот преоден рок се врати во Јувентус, по шест минати години во Манчестер Јунајтед. Тој во моментов се опоравува од повредата на десното колено. На теренот се очекува да се врати на средината на септември.

 

Scroll to Top