Принцот од Велс, Чарлс, примил милион фунти од роднини на некогаш најголемиот терорист во светот и лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Принцот ја прифатил донацијата за добротворна работа, пренесе „Гардијан“.
„Сандеј тајмс“ пренесува дека Чарлс ги прифатил парите од Бакр бин Ладен и неговиот брат Шафик. Чарлс наводно одржал приватен состанок со Бакр во Кларенс Хаус, кралската резиденција во Лондон на 30 октомври 2013 година.
Состанокот се случил две години откако Осама бин Ладен е убиен од американските специјални сили во комплекс во близина на Исламбад во Пакистан.
Од Кларенс Хаус ги негираат тврдењата, велејќи дека одлуката да се прифати донацијата за неговата добротворна организација, добротворниот фонд на Принцот од Велс (PVCF), била донесена исклучиво од поверениците.
Бакир и Шафик бин Ладен се полубраќа на Осама и беа поврзани со основачот на Ал Каеда преку татко им, Мохамед бин Авад бин Ладен, милијардер роден во Јемен.
Засега нема никакви докази дека двајцата спонзорирале или учествувале било какви терористички акти.