Германските власти молчат за жената која била со Навални, во моментите кога тој бил отруен

Германските власти не одговорија на прашањата на новинарите за идентитетот на жената со која Навални бил во моментите кога бил отруен.

Портпаролот на германската влада не сакаше да одговори на прашањето на новинарот на RT Deutsch, за жената која руските власти ја идентификувале како Марина Певчих.

„Не можам да ви кажам ништо повеќе за тоа. Не смееме да зборавиме дека животот на господин Навални беше загрозен со употреба на отровна супстанца. Не можам да ви кажам ништо за поединците со кои тој бил во тие моменти“, изјавил германскиот портпарол Стефен Зиберт.

Певчих се смета за соработник на Навални, критичарот на официјален Кремљ. Таа била заедно со него во Томск, пред неговото наводно труење.

За разлика од сите останати поединци, кои тие денови комуницирале со Навални, Певчих не соработувала со руските истражители и побегнала во Германија. Таа во изјава за вестите во руска Медуза, со седиште во Летонија, тврдела дека полицијата никогаш не ја контактирала.

Таа исто така објаснила дека нејзиното вистонско име е Марија, а не Марина, како што тврдат официјалните руски извори.

Германските официјални лица исто така не објасниле како таа, како руски државјанин, успеала така брзо да добие дозвола за влез во нивната земја. Многумина сметаат дека таа веќе има дозвола за престој во Велика Британија, а некои тврдат дека има и британско државјанство.

Од неа постојат само мал број фотографии и покрај нејзината блискост и често дружење со Навални, кој се смета за јавна личност. Таа често го следела опозицискиот лидер на неговите патувања.
Сагата за труењето на Навални почна на 20 август, кога тој се разболе за време на летот од Томск за Москва. По итното слетување во Омск, град во Сибир, оддалечен 200 километри источно од Москва, тој бил префрлен во локална болница. Тогаш Навални не бил во свесна состојба.
Два дена подоцна опозицискиот лидер бил префрлен во клиниката во Берлин, каде се наоѓа и во овој момент. Иако руските лекари не откриле траги од токсични супстанци, во примероците собрани од Навални, нивните германски колеги тврдат дека тој бил отруен со отровот новичок.
Создавателот на тој нервен гас од неодамна објаснија дека симптомите кои ги имал Навални не биле соодветни и не одговарале на оние кои се добиваат при контант со агенсот.

 

Scroll to Top