Глобалистите панично загрижени поради популизмот во Европа

Билдерберг глобалистите се загрижени поради популистичките движења кои се повеќе се шират низ Еврпа. Годишниот елитистички собир ќе се одржи оваа недела од 7 до 10 јуни во Торино, место во кое Италија ја избра анти-масовната-миграциска и еуроскопетична коалициска влада.

Според службената интернет страница на Бидерберг групата, темата за која ќе се разговара на овогодинешниот таен состанок ќе биде „популизмот во Европа“.

Поради тоа што поранешниот технократ на ММФ, не беше привремено инсталиран во Италија и откако коалициските преговори меѓу партиите „Пет ѕвезди“, и „Лега“, привремено беа прекинати, глобалистите несомнено изразија вознемиреност дека Италија не го дава посакуваниот пример за остатокот од Европа.

Новата популистичка влада ветувала дека ќе спроведе депортација на 500.000 имигранти, повторно потврдувајќи го локализмот над глобализацијата и монополистичкиот капитализам, надгледувајќи ги џамиите и заживувајќи го  христијанското наследство. Се се тоа политики кои ги турка неолибералниот глобалистички консензус кој Билдерберг групата го застапува.

Пописот на учесници на овогодинешната конференција Билдерберг, која започнува во четврток, исто така е објавен, попис кој новинарот Чарли Скелтон го опишал како фасцинантен и моќен.

Тајната група исто така ќе расправата за САД и половина од изминатиот мандат на Трамп, како и за пост-вистинскиот свет кој вклучува напори во борбата против таканаречените лажни вести.

Иако мејнстрим медиумите редовно ја опишуваат Билдерберг групата како конференција на разни луѓе, без реална моќ, постојат безброј примери од оваа група, за начините на кои влијаат на светските текови.

Во 2010 година, поранешниот главен секретар на НАТО и член на Билдерберг групата Вили Клас, признал дека членовите на Билдерберг групата добиле мандат да спроведат одлуки кои се формирани во текот на годишната конференција.

Ако тоа е случај, тогаш тие ги кршат законите во бројни земји кои им забрануваат на политичарите во тајност да бидат под влијание на странските посредници.

Во 2009 година, претседателот на Билдерберг групата Етјен Давињон, дури и се пофалил со тоа како Билдерберг ја има замислено единствената валута на Европската унија.

На службената страница на Билдерберг, групата bilderbergmeetings.org, пишува:

Торно, 66 Билдерберг состанок, ќе се одржи од 7 до 10 јуни 2018 година во Торино, Италија. Денеска 128 учесници од 23 земји го потврдиле своето присуство.

Како и секогаш повикани се разни групи на политички лидери и експерти од индустријата, финансиите, академската заедница и медиумите.

Се разбира, на новинарите влезот им е забранет!

Клучните теми за расправа оваа година се:

  1. Популизмот во Европа
  2. Предизвикот за нееднаквост
  3. Работната сила за во иднина
  4. Вештачката интелегенција
  5. САД пред половина мандат
  6. Слободната трговија
  7. Американското светско водство
  8. Русија
  9. Квантно пресметување
  10. Светот „пост-вистината“
  11. Тековните настани

Целосниот список на учесници на конференцијата на Билдерберг групата 2018 можете да ја видите на следниот линк:

 

 

 

Scroll to Top