ГМО-храната е дизајнирана да убива, особено на Балканот!

By

Храната што ја јадеме го менува човечкото суштество, а со самото тоа и реалноста во која живееме! Показател за ова е неодамнешниот случај во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Голем број луѓе во Хрватска биле шокирани од прилозите за старото и мртво месо на полиците во трговските центри, од неисправната храна, а често и заразена. Храната како оружје против човекот се користи веќе неколку децении, нешто за што луѓето едноставно одбиваат да размислуваат додека истовремено живеат во болен свет со болно тело и распадната психа, при што, едноставно, стануваат несвесни за светот околу себе.

Некои дури со реакцијата на масовните медиуми сега се будат иако и тие се само дел од поголемиот план за поробување на човекот. Да, се воведува поголема контрола на храната на пазарот благодарение пред сè на поголемиот број инспекции кои откриваат, замислете, отрови во трговските центри.

Во исто време никој не споменува дека Марија Б. од Вировитица (значи, не е увозна храна во Хрватска), доколку сака да ја продаде својата пиперка во трговските центри, мора да вшприцува во своите пиперки хормони за тие да бидат со иста големина и боја. Во спротивно воопшто нема да може да ги продава и да ги одгледува во иднина. Што значи, ќе мора да ги фрли.

Зошто грбавите (искривени) пиперки не смеат да се појават пред купувачите како што наложуваат стандардите на големата Европска Унија?! Тоа што со хормоните се менува и хормонскиот систем на секој човек, никој не го споменува, иако третирањето на храната е една од големите мерки за заштита, која Хрватска ја воведе со влегувањето во ЕУ, а овој скандал со месото во државата само ги продлабочува тие исти мерки на заштита, кои од домашната храна, всушност, создаваат оружје. Само што побавните отрови убијци се третираат како легални.

За тоа во другите земји, како и во Америка, се зборува со години, но во Хрватска и денеска има луѓе што немаат поим дека храната во светот, како и семето, а следствено на тоа, и животот на човекот, е во рацете на лица планери и сопственици на корпорациите што се залагаат за депопулација на планетата.

Чудно ли ви е што и покрај толкавиот напредок во науката и медицината, сè уште расте и бројот на болни од сите можни заболувања во светот? Се чини дека нешто, сепак, не чини. Тие убиваат луѓе!

Храната е дизајнирана да убива

Сè повеќе несоборливи докази има за тоа дека храната денеска се користи како оружје против човештвото. Тоа малку ја поттикна тивката војна против човештвото, многу добро камуфлирана, а последиците се страшни. Храната што ја јадеме го менува човечкото суштество, а со самото тоа и реалноста во која живееме.

По Втората светска војна и нацистичката ера, војната привидно се прикрива, а водачите од нацистичката доба основаа фармацевска индустрија, која во своите раце ги држи и храната и лековите од целиот свет. Третата светска војна е во тек. Таа се одвива токму против секое живо суштество.

Храната е дизајнирана да убива! Ова е откриено во независната американска лабораторија Natural News, која анализирала повеќе од 1.000 вида храна, од супер до брза штетна храна, па преку витамини, житни зрна и сè што денеска се нуди со ознаката храна.

Мајк Адамс, главниот научник и основач на оваа лабораторија, дојде до еден единствен заклучок: „Храната денеска е дизајнирана за да убива!“ „Врз основа на она што го видов преку атомската спектроскопија и анализите на сите работи што луѓето ги земаат на дневна база, морам да порачам дека состојбата е навистина алармантна“, вели Адамс и додава:

„Докажав дека храната денеска намерно е дизајнирана со цел, не да преживее човекот, туку токму спротивното, што побргу да умре“.

Адамс изјави пред јавноста дека истражувањата од неговата лабораторија, кои траат веќе низа години, покажале застрашувачки факти, како, на пример, дека храната денеска предизвика смрт, психички болести, како деменција, стрес, депресија, преку неплодност до оштетување на одделни органи, но она што е најважно, доаѓа до губење на способноста на човекот да размислува рационално, доаѓа до нарушување на здравјето, недостиг на концентрација, заборавање и друго.

 

Ќе ви се допадне