Го исфрлија зборот Исус од сите училишта

By

Голем број училишта во Велика Британија го отфрлија Исус од својата наставна образовна програма за да не ги навредат нехристијаните.

Традиционалниот израз BC или времето пред Христос и AD или Anno Domini го заменија со изразите пр. н.е., односно пред новата ера, и н.е., новата ера.

Локалното авторитарно тело состави наставен план за верското образование, кое, како што велат, може да биде вознемирувачко за малцинствата или неверниците.

Но, критичарите изјавија дека овој потег е капитулација кон политичките коректности, пишува „Дејли мејл“.

Поранешниот надбискуп на Кантербери, лорд Кари, изјави дека решението на верскиот образовен одбор е голем срам.

Муслиманите и Евреите исто така се збунети и велат дека не биле навредени од познатите изрази за временскиот период од „пред Христос“.

Локалните власти, познати како Постојано советодавно мнозинство за религиското образование (SACREs) во градовите Брајтон и Есекс, се во сè поголем број од оние што повикуваат на забрана на изразот пред Христос и AD.

Наставниот план за училиштата во источен Есекс гласи: пр. н.е. и н.е. сега се користат за да се покаже чувствителност кон оние што не се христијани.

Господинот Кери изјави:

„Никогаш не сум запознал муслимански или еврејски лидер кој е навреден од грегоријанскиот календар“, а водечкиот имам Ибрахим Могра изјави: „Јас не верувам дека тоа воопшто ги навредува муслиманите“.

Гласноговорникот на Управата на застапници на британските Евреи изјави:

„Не мислам дека некому му пречи ако во редовните училишта се користи временскиот израз пред Христос и AD.

Крис Меговерн, претседател на Кампањата за вистинско образование, изјави:

„Отстранувањето на изразот пред Христос и AD е капитулација на политичката коректност“.

 

Ќе ви се допадне