Го прашаа дали ќе се кандидира во 2018 и за тајното име во школата за известување – Кажа многу повеќе од тоа

Се наведува дека Путин тоа го кажал во текот на интервјуто пренесено на руската телевизија од „Образовниот центар за надарени деца Сиријус“, во Сочи, кое е наречено „Сериозен разговор со Владимир Путин“.

Претседателот на Русија, изјави дека шифрираното име во школото за известување му било „Платов“, пренесува TAS S. A прашањето кое најмногу ја интересирало светската јавност, остана без одговор. Тој изјави дека сеуште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори во 2018 година, и дека нема да го менува членот на рускиот устав кој се однесува на избор на шефот на државата.

Се наведува дека Путин во текот на интервјуто пренесено на руската телевизија од „Образовниот центар за надарени деца Сириус“, во Сочи, кој е наречен „Сериозен разговор со Владимир Путин“.

ЗА ИНСТАГРАМ И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Путин прво кажа дека не ги користи социјалните мрежи, поради тоа што „работните денови се толку исполнети“.

„Завршувам доцна во ноќта и не сум расположен за Инстаграм. Она на што мислам е да отидам во кревет и да спијам“, изјави Путин.

Рускиот претседател додаде дека знае дека постојат илјадници налози на социјалните мрежи со негово име.

„Немам ништо со тоа. Само внимавајте. Се што е напишано во мое име, не сум јас“, наведе Путин.

Тој изјави дека се надева дека луѓето кои ги водат тие налози, нема да пишуваат ништо лошо во негово име.

ЗА ЛОЗИНКИТЕ, ТАЈНИТЕ ИМИЊА И ПРЕКАРИТЕ

„Кога сме веќе кај лозинката, тоа се само надимаци. Како што знаете, јас ја започнав кариерата во известувачките агенции, кои се занимаваат со странство, и понекогаш ја користев алијасата, поради технолошката неопходност. Кога бев во шоколо за известување, шифрираното име ми беше Платов“, изјави Путин.

 

 

 

Тој додаде дека во денешно време било какви надимаци „едноставно се смешни“.

„Зошто се крие зад надимаците. Ако човекот работи нешто вредно интересно, нешто поради кое е горд, треба да го каже“, оцени претседателот на Русија.

ЗА ИЗБОРИТЕ 2018 ГОДИНА

„Уште не одлучив дали треба да продолжам со својата работа со ова темпо. Ќе видиме. Изборите се одржуваат во 2018 година. Има уште време пред изборката трка. Ќе видиме“, изјави Путин во програтама Сериозен разговор со Владимир Путин.

Рускиот претседател изјави дека „еднаш ќе мора“, да отстапи од претседателската позиција нагласувајќи дека „уставот предвидува ограничен претседателски мандат“.

ЗА ИЗМЕНИТЕ НА УСТАВОТ

Тој исто така наведе дека има можност да го измени делот од уставот кој се однесува на изборот на претседател, но тоа не го сторил.

„Имав можност (да го изменам Уставот) дури и ме наговорија дека во догледно време ќе го изменам Уставот. Не го направив тоа. И нема да го направам во иднина“, изјави Путин.

Како што агенцијата истакнува, според рускиот Устав, една личност не може да биде претседател на државата по два едноподруго отслужени мандати. Путин стана претседател во 2012 година, а пред тоа веќе одслужи еден мандат од 2000 до 2008 година.

 

 

 

Scroll to Top