Градоначалник на германски град избоден со нож затоа што примил бегалци

Германскиот град Алтена стана познат во Германија затоа што прими поголем број  имигранти отколку што било одредено со државната квота.

Градоначалникот на западниот германски град Алтена е прободен со нож во вратот, а властите веруваат дека нападот е политички мотивиран.

Под власта на моменталниот градоначалник градот угостил повеќе имигранти отколку што бара националната квота.

Во понеделникот вечерта наводно пијан човек му пришол на градоначалникот Андреас Холстеин, кој се наоѓал во центарот на градот со цел да купи вечера за својата жена. Според германските медиуми, човекот гласно ја критикувал политиката на градоначалникот.

„Пуштете ме да умрам од жед и да донесам 200 имигранти од Алтен“, изјави Холстеин во вторникот на конференција за новинари. Напаѓачот потоа го прободел 54-годишниот Холстеин со нож во врат, изјави локалната полиција.

„Пукај во мене!“ викал напаѓачот, кој бил заробен од страна на сведок до пристигнувањето на полицијата. Холстеин е итно пренесен во болница и пуштен неколку часа подоцна.

„Да, се плашев за својот живот и бев прилично убеден дека мојот живот ќе заврши доколку немав помош“, признал тој велејќи дека се чувствува дека тоа е негов „трет роденден“, откако го преживеал и излекувал ракот.

„Јас вчера добив уште еден живот“.

Напаѓачот имал намера да го убие градоначалникот, според сопственикот на ќебапчилницата каде што  се случил инцидентот. Сопственикот бил еден од оние кои го фатиле напаѓачот и го држеле до пристигнувањето на полицијата.

„Напаѓачот го прашал градоначалникот дали е тоа навистина тој, а откако градоначалникот рекол „Да“, сè се случило многу брзо.

Мислам дека го извади ножот од џеб и сакаше да му го пресече грлото“, изјави еден од сведоците со име Ахмет Абдулах.

Напаѓачот имал „наводна ксенофобна мотивација“, пишува во соопштението.

„Безбедносните власти веруваат дека постоел политички мотив за овој напад“, изјавил лидерот на партијата CDU во Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашчет.

Сторителот го коментирал и прашањето на имиграција, додаде Лашчет.

Сопругата на Холстеин повеќепати предупредила на можните бројни закани против градоначалникот, изјави тој.

Сепак, тој ќе продолжи да работи за луѓето, и за имигрантите, и за луѓето кои биле таму претходно и кои ќе дојдат потоа, како и кој било друг следен градоначалник.

„Имаме добри, лоши и нормални луѓе насекаде“, додаде тој.

Токму на ваквата либерална политика кон барателите азил тој и неговиот град ја заработија славата.  Алтен со популација од 17.300 жители ја доби Националната награда за интеграција на канцеларката Ангела Меркел поради прифаќање дополнителни имигранти.

„Веруваме дека ќе ја водиме Германија кон светлата иднина, таа иднина е разнолика“, изјави Холстеин во тоа време.

Но, граѓаните не ја поздравуваат таа политика. Во 2015 година пожарникар и негов соучесник запалија куќа во која штотуку се преселиле Сиријци. Подоцна признал дека тој не сакал никакви имигранти во соседството плашејќи се од кражбите или сексуалните малтретирања.

По нападите на градоначалникот во понеделникот, канцеларката Меркел преку својот портпарол изјавила дека е ужасната од ваквите настани.

 

 

Scroll to Top