Гувернерот на Њујорк си поднесе оставка, откако истрагата покажа дека сексуално злоупотребувал неколку жени

Ендрју Куомо, гувернер на американската сојузна држава Њујорк, си поднесе оставка од функцијата откога истрагата покажа дека сексуално злоупотребувал повеќе жени.

Тој беше обвинет од неколку жени, од кои 11 бил многу млади дека без согласност ги прегрнувал, допирал, бакнувал и им давал несоодветни коментари, пренесува Си-ен-ен.

Куомо ги отфрли сите обвиненија и призна дека можеби се однесувал на начин што направил некои луѓе да се чувствуваат непријатно, но рече дека тоа не го направил намерно и се извини.

Подоцна додаде дека неговите постапки не треба да се класифицираат како сексуално вознемирување.

Scroll to Top