„Хабл“ снимил златен астероид кој може сите на Земјата да ги направи милијардери

Вселенскиот телескоп „Хабл“ снимил златен астероид за кој се верува дека тежи повеќе од целата светска економија. Експертите велат дека ако нешто ја покрене трката за метали во вселената, тоа е астероидот „Сајки 16“, кој со себе носи доволно злато за да ги направи сите милијардери на Земјата.

Научниците го откриле астероидот како се движи меѓу Марс и Јупитер. За него велат дека вреди 700 трилиони долари во злато. За споредба светската економија во 2019 година била проценета на 142 билиони долари.

Освен злато, астероидот е составен и од железо и никел, а количините на тие метали се неверојатни. Американската вселенска агенција НАСА планира до 2026 година да донесе примерок од него.

Мич Хантер Скалион, основач на компанијата „Рудници астероид“, смета дека овој астероид може да предизвика вистински бум во рударската индустрија.

„Еднаш кога ќе ја поставите инфраструктурата, имате бесконечен број на можности. Астрономската количина на пари чека на оние кои се доволно храбри да одговорат на предизвикот наречен ‘астероидска грозница’“, изјавил тој.

Мич смета дека овој астероид претставува еден вид на светиот грал, кога станува збор за вселенската потрага за злато. Тој вели дека овој астероид нема да биде првата станица во оваа тркачка авантура. Тука се и астероидите кои се забележани во близина на Земјата и од кои може да се извлечат вода и други ретки метли.

Научниците велат дека за вакво вселенско рударење потребна е гравитација. Лунарната гравитација на овие вселенски тела, претставува само една шестина од земјината. Но, според нив тоа е доволно за да се изведат вакви операции.

Астероидот  „Сајки 16“ е огромен и широк околу 225 километри. Планетарниот научник од Југозападниот истражувачки институт во Сан Антонио, Тексас, Трејси Бекер, вели дека и порано биле забележани астероиди чиј состав бил метал, но овој е уникатен затоа што е составен од железо и никел.

Астероидот се наоѓа на околу 370 километри од Земјата и е едно од најголемите тела во главниот астероиден појас во Сончевиот Систем, што кружи помеѓу Марс и Јупитер. Научниците сметаат дека станува збор за остаток од јадро на планета, која не се формирала во целост.

Бекер смета дека можеби бил погоден од друго вселенско тело во текот на неговото формирање. НАСА планира да испрати вселенско летало кое треба да стигне до него во 2026 година. Леталото ќе помине 21 месец околу него.

Извор/Блиц.рс

Scroll to Top