Хакери од Европа го исклучиле најголемиот нафтовод во САД

By

Хакери од Источна Европа, успеале да го исклучат најголемиот нафтовод во САД, односно американската компанија „Колонијал пајплајн“, пренесуваат светските медиуми.

Иако од компанијата претходно негирале дека им платиле на изнудувачите, сепак тоа се случило, пренесува „Блумберг“. Компанијата наводно им исплатиле пет милиони евра во криптовалути.

Тоа се случило само неколку часа по нападот со цел да се намали притисокот од евентуално нарушување на снабдувањето со гориво во поголемите градови од источниот брег на САД.

Откако ги добиле парите, хакерите и ги доставиле шифрите за деактивирање на компјутерската мрежа на компанијата. Портпаролот на „Колонијал пајплајн“ и портпаролот на Советот за национална безбедност одбиле да дадат било каков коментар, пишува „Блумберг“.

ФФБИ се сомнева дека хакерите се поврзани со групата наречена DarkSide, која е специјализирана за дигитална уцена. Тие веруваат дека се наоѓаат во Русија или Источна Европа.

„Колонијал пајплајн“, кој пренесува голем дел од своето гориво од Тексас до источниот брег на САД, објави дека минатата недела бил извршен напад со малициозен софтвер врз неговите системи. Станува збор за програма што влегува во компјутерски систем и привремено го блокира неговото работење со криптирање на податоци, сè додека жртвата не ја плати сумата што ја бараат хакерите.

По шестдневното исклучување на главниот нафтовод во САД, кој носи 100 милиони галони бензин, дизел и гориво за авиони на ден, денеска протекле првите милиони галони моторно гориво.

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV anime: High-Rise Invasion (https://animetv.cc/m/RA3P) Episode 12

AniWatch aniwatch.me: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 6