Хари и Меган имаат докази за обвинувањата против кралското семејство

By

Хари и Меган Маркл велат дека сочувале стари мејлови и пораки на мобилните телефони и дека имаат докази за да ги поткрепат нивните обвинувања против кралското семејство, кои ги изнесоа во шоуто на Опра Винфри, пренесува „Дејли мејл“.

За доказите прва прозборе и откри Jанина Гаванкар, која блиска пријателка на Меган. Во една од нејзините изјави, таа појасни дека зборува во нејзино лично име, а не во името на Меган.

„Ја познавам Меган веќе 17 години. Можам да кажам дека таа и Хари се жртвите во целата оваа ситуација. Сигурена сум дека на крајот вистината ќе излезе на виделина. Тие имаат доволно докази за нивните обвинувања. Има многу пораки на мобилни телефони и е-пошта“, изјавила таа.

За потсетување, Хари и Меган кај Опра открија дека еден од постарите членови во кралското семејсто ги прашал за бојата на кожата на нивниот син Арчи и дека Меган ја советувале да се смири за да не го посрамоти семејството со нејзините психички проблеми.

Таа во интервјуто кај Опра откри и дека постоеле моменти кога размислувала за самоубиство.

 

Ќе ви се допадне