Хари и Меган лажеле за денот на раѓањето на Арчи

Поранешниот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл лажеле за времето, а можеби и денот на раѓањето на синот Арчи, открива авторот Роберт Лејсли во својата книга Battle of Brothers.

Роберт објаснува дека поранешната кралска двојка ја лажеле јавноста и дека некое време ја чувале во тајност веста за породувањето на синот Арчи.

Хари и Меган објавија дека Арчи се родил на 6 мај околу пет часот утрото, а двојката веста ја објавила околу 14 часот на „Инстаграм“. Сепак, Роберт верува дека двајцата ја криеле веста за времето и денот на раѓањето на Арчи и дека имале добра причина зошто го направиле тоа.

Според него, младата брачна двојка не сакала камерите и новинарите да биде првото нешто што ќе го види кралското бебе, како што тоа беше случај со починатата принцеза Дијана, која загина во сообраќајна несреќа токму бегајќи од репортерите.

Од таа причина тие ја лажеле јавноста за точното време и датумот на раѓањето на Арчи. Јавноста мислела дека Меган е бремена и во времето кога таа била во семејниот дом со родениот син, пишува Роберт.

Арчи Харисон Виндзор е првото дете на Хари и Меган. За бременоста на Меган во јавноста се ширеа голем број контроверзии, од самата бременост, за која многумина и денес тврдат дека била лажна, па сè до моментот кога Арчи стасал на свет со помош на сурогат-мајка.

 

Scroll to Top