Хилари Клинтон треба да се соочи со смртна казна!

By

Поранешната секретарка и кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, би можела да биде осудена поради предавство и да се соочи со смртна казна поради скандалот со „Ураниум еден“, смета американскиот воен известувачки аналитичар и поранешен соработник на Трамп, Себастијан Горк.

Тој во изјава за „Фокс њус“, во четвртокот, тврдел дека доказите покажувале дека Хилари Клинтон земала мито од Русија во замена за одобрување на контроверзниот договор со уранот, што би можело на крај да резултира со јавно усмртување со инјекција, струен удар, стрелање или бесење.

„Русите успеаја да се инфилтрираат во нашата национална безбедност на пазарот со уран, и знаеја за сите злосторства кои ги извршија“, изјави водителот на емисијата, Шон Ханити, во текот на емитувањето.

„Доколку вакво нешто се случеше во 1950 година, сега таа сигурно би се соочила со обвинување за предавство. Се сеќавате ли на двојката Росенберг? Хилари е еквивалент за она што го направија тие, а тие луѓе на крајот завршија на стол (смртна казна). Размислете за тоа. Издавањето на нашата нуклеарна способност и предавањето на истата на нашите непријатели, тоа е тоа за што јас говорам“, изјави Горк.

Брачната двојка Јулиус и Етхел Росенберг беа осудени за шпионажа во 1951 година, за давање на нуклеарните тајни на Советскиот сојуз и беа погубени на електричен стол, две години подоцна.

Господин Горк (47) бил заменик-помошник на претседателот од јануари до август. Тој изненадувачки поднесе оставка на таа функција, но администрацијата на Трамп го карактеризираше неговото заминување на поинаков начин.

„Себастијан Горк не поднесе оставка, но можеме да потврдиме дека тој повеќе не е во Белата куќа“, изјави претставник од администрацијата за време на неговото заминување.

Видете го видеото:

Ќе ви се допадне

aniwatcher. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

watch subbed anime So I'm a Spider, So What?

AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime

Attack on Titan Season 3 Part 2

AniWatch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 16

AniWatch Tokyo Revengers