Холандски политичар приведен поради обид за убиство на премиерот: Руте добил дополнително обезбедување

Лидерот на партијата на Хашкото единство, Арнод ван Дорн бил приведен поради сомнение дека е вмешан во организирање на убиството на холандскиот премиер Марк Руте, соопштија од безбедносната служба на премиерот.

По полициското испитување, Ван Дорн бил пуштен, а во соопштението е наведено дека бил сомничав затоа што се нашол во истиот дел на градот во кој бил и премиерот.

Неговиот адвокат, Анис Боуманјал, за „Би-би-си“, рече дека неговиот килент не може да биде уапсен, затоа што не постоело основа за тоа.

„Полицијата на неразумен начин го водеше случајот. Беше многу драматично, го држеа 30 часа“, рече Боуманјал.

Холандските медиуми пренесоа дека Руте добил дополнително обезбедување поради шпекулациите дека би можел да биде на мета на напади или да биде киднапиран.

Руте бил следен од луѓе поврзани со криминални групи кои тргувале со дрога, пренесе претходно „Де Телеграф“. Новинарот Мик ван Вели рече за телевизијата „НОС“, дека работата треба да се сфати многу сериозно.

Од холандските безбедносни структури и премиерот засега не сакаат да коментираат. Деталите се чуваат во тајност. Холандија ги зголеми мерките за безбедност во близина на премиерот Марк Руте, откако полицијата прими дојава за можен напад на криминалци кои се поврзани со трговија со дрога. Руте рече дека безбедноста и заштитата се прашања за кои не смее јавно да се зборува.

Премиерот, како што пренесува „Ројтерс“, често може да се види како вози велосипед, од неговата куќа до владината зграда во Хаг, а често му се доближуваат и минувачи кои сакаат да направат селфи со него ли да поразговараат.

Во последните неколку месеци, неколку лица ширум земјата се казнети или осудени на кратки затворски казни, поради заканите кои ги добиле некои од министрите или пратениците.

 

 

 

 

 

Scroll to Top