Холивудски продуценти тврдат дека Кевин Спејси го дрогирал и силувал Џастин Бибер

By

Кевин Спејси е добро познат сексуален предатор во Холивуд кој се фали дека го дрогирал и силувал Џастин Бибер кога бил малолетен.

Ова го велaт продуцентите од серијата „Кула од карти“, кои предупредуваат дека во споредба со однесувањето на Спејси, Харви Вајнштајн изгледа како невин детски збор.

„Не се обидувам да го намалам она за што Харви е обвинет. Но, неговите жртви беа возрасни. Кевин мина децении користејќи ги својата моќ и влијание да воспостави однос со млади, често малолетни деца. Секој во филмската индустрија знае за Кевин. Неговите злосторства се некои од најстрашните чувани тајни во Холивуд. Тој бара младо, обично хетеросексуално машко дете или ѕвезда тинејџер, а се разбира жртвата не смее да каже ни збор за тоа затоа што се срами. Проблемот со старите моќни играчи кои сексуално малтретираат многу помлади машки и женски млади ѕвезди е ендемичен“, изјавиле тие.

Го опишале Спејси како човек кој „серел врз оние кои мисли дека биле под него“, продуцентите изјавиле како Спејси се фалел докажувајќи ја својата супериорност над сите други.

„Да, тој може да прави што сака, вклучувајќи ги и најлошите злосторства против најголемите имиња“, дополниле тие.

„Нетфликс“ најави одлука дека ќе го откаже снимањето на планетарно познатата серија „Кула од карти“ на истиот ден кога актерот од најновата серија „Стар трек дискавери“, Ентони Рап, го обвини Спејси за обид за силување кога имал 14 години.

Продуцентот го опишува прекинувањето на снимањето на серијата „Куќа од карти“ како болен, но неопходен чекор, наведувајќи дека продуцентите на „Нетфликс“ одамна се свесни за агресивното однесување на Кевин Спејси, и имале планови како да се заштитат од него.

Не можеле да се откажат од многу профитабилна серија поради едно обвинување. Но, ова ќе експлодира и ќе биде многу повеќе отколку што е сега, и тие не сакале да бидат дел од тоа.

Продуцентот исто така ги повика истражителите да фрлат поглед на фондацијата на Кевин Спејси предупредувајќи дека таа е основана за да му овозможи пристап до децата.

Таа е составена од „ментори, адвокати и старатели“ кои работат со ветувачки млади уметници кои работат на танцови, театарски сцени, филмски проекти и се задолжени да бараат амбициозни деца.

Во јануари 2015 година, во исто време кога Спејси ја промовирал својата фондација и барал „талентирани“ деца, објавен бил извештајот кој открил дека неговото име се наоѓало на листата посетители на поранешниот претседател Бил Клинтон кои летале со „Лолита експрес“.

Приватниот авион кој бил во сопствеништво на осудениот педофил и милијардер Џефри Епстеин бил место за силување деца.

Тој бил прогласен за виновен за сексуална трговија со девојки кои имале и по 12 години и кои ги забавувале неговите богати пријатели на педофилските забави.

Кевин Спејси и Бил Клинтон не биле единствените двајца богати пријатели кои добиле услуги од Епстеин.

Името на Клинтон било на пописот на патници на „Лолита експрес“ 26 пати во периодот меѓу 2001 и 2003 година и откриено е дека летал со авион барем еднаш месечно во период од две години.

Тој минал само 13 месеци во затвор и домашен притвор.

 

 

Ќе ви се допадне