Хрватска се подготвува за војна!

By

Од министерството за одбрана на Хрватска се огласија со соопштение за повиците за воените обврзници и потврдија дека имаат за цел да создадат шест пешадиски полкови.

dobivaj vesti na viber

Министерството за одбрана на Хрватска упати повици за воените обврзници поради ажурирање на податоците. Се издаваат и потврди за отстуство од работа.

Од Министерството известија дека повиците се упатуваат до класифицираните лица како војници и офицери. и лица кои отслужиле воен рок или биле на доброволна воена обука или воена служба, или поминале одредена воена стручна специјланост, но не се постари од 55 години, до кога и законски трае воената обврзувачка служба.

Сите овие лица ќе има за намена и задача да учествуваат во одбрана на територијалната целост, суверенитет и независност на Хрватска, да допринесат за меѓународна безбедност и да дадат целосна поддршка на цивилните институции, во склоп на заштита и спасување во случај на катастрофи (земјотрес и поплави), противпожарна заштита, спасувања и друго.

Сите лица кои се повикани а се вработени, ќе ги задржат правата за работен однос, што е регулрано со Законот за работни односи. Лицето кое примило повик за оспособување или вежба, е должен да го извести својот работодавец дека нема да биде во можност да ги извршува работните обврски во зададениот рок. По завршувањето на оспособувањето или вежбите, лицето ќе добие потврда со која ќе го оправда своето отсуство од работа.

Оние кои го остваруваат правото на пензија или парична надокнада поради привремена невработеност, исто така во текот на извршувањето на воените обврски ќе ги задржат своите права. На тие лица додека трае воениот период ќе им се подели парична надокнада од 150 куни по ден.

Лицето кое е повикано ќе може да го одложи или одбие повикот за оспособување или воени вежби, поради семејни причини или во случај на болест, доколку од неговиот дом во исто време се повикаат двајца или повеќе членови. Поради полагање на испит, смрт или тешка болест во домаќинството, поради елементарни непогоди и други несреќи или поради склопување на брак.

Лиецто кое поради своите верски или морални уверувања не се во можност да учествуваат во објавувањето на војничките должности во Вооружените сили, допуштен е приговор до советот, што е дефинирано во член 24 во Законот за одбрана.

 

 

 

Ќе ви се допадне