Хрватски свештеник доби 3 месеци добротворна општествена работа за силување момче

By

Силувач добил 730 часа општествено-корисна работа, што според 8-часовниот работен ден изнесува околу 3 месеци.

Жртвата, сега 31-годишнен маж, раскажал пред судот, преку аудио-видеоуред, дека ја пријавил сексуалната злоупотреба во 2012 година затоа што тогаш сфатил што всушност се случило.

Поради силувањето врз тогаш 15-годишното момче, 42-годишниот свештеник од подрачјето Славонија и Барање од Општинскиот суд во Осиек е осуден на една година затвор, а подоцна заменето со 730 часа општествено-корисна работа, јавува „Гласот на Славонија“.

Свештеникот во обвинението се товари дека во ноќта на 6 јануари во 2002 година во црквените простории во едно место во Славонија и Барање силувал момче и ја искористил неговата недоволна емоционална развиеност и претходно создадена духовна и психичка зависност за себе низ духовно советување.

На момчето му понудил пиво, му побарал да го измасира, а претходно го дочекал во бањарка. Кога15-годишното момче отишло во бањата, свештеникот тргнал кон него и почнал да го допира.

Потоа го довел во собата и го легнал на креветот, па го силувал.

По ова, момчето се обидело да се самоубие, а жртвата сведочела дека кога бил силуван, свештеникот му изјавил:

„Ова го знаеме само ти, Господ и јас“.

Обвинетиот свештеник тврдел пред судот дека не е виновен и дека момчето всушност го прогонувал и бакнувал. Судот не поверувал во тоа, пишува „24часа.хр“.

 

 

 

Ќе ви се допадне