Илон Маск предупреди дека на човештвото му се ближи крајот

Еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск, предупреди дека на човештвото и цивилизацијата, ваква каква што ја познаваме ѝ се ближи крајот. Основачот на „Тесла“, на „Твитер“ го сподели лошото предупредување за крајот на светот, споредувајќи го со времето на диносаурусите.

Откако сподели текст од „Би-би-си“, за смртта на диносаурусите, Маск напиша: Ова ќе се повтори, само е прашање на време“.

„Астероидиот со себе ги однесе диносаурусите од типот Тираносаурус и Трицератопс, како и помалку познатите, но бизарни суштество, како Анзуа, или птицата од пеколот“, е наведено во текстот.

Маск ги опиша и малите животни, кои личат на Пургаторијус и другите наши предци, кои го имаа завземено местото на некогашните жители на планетата.

Многу негови фанови реагираа на неговата објава, а една жена му напиша: Тоа веќе се случува. Па и во изминатите 10% од минатото на Земјата, знаеме дека имало 5 големи масовни изумирања. Така што тоа се случува на секои 50 до 100 милиони години. Сега ова беа страшни тивки 65 милиони години. Само велам да се живее на две планети, звучи прилично добро.

Маск минатата недела се најде на насловните страни на светските магазни поради сличните теории на заговор. Тврдеше дека глобалното затоплување не е најголемата закана со која нашиот вид се соочува.

На сличен начин предупреди за колапс на човештвото и поради ниската стапка на наталитет, кој претставува многу поголем ризик за цивилизацијата од глобалното затоплување. На овој твит доби голем број и пофалби, но и критики.

„Дали да се има деца е единствено решение?“, го праша еден од неговите обожаватели, на кој Маск му одговори едноставно со „Да“.

Друг му напиша: Тоа се само еден куп искажани глупости за да види како луѓето ќе реагираат. Тука грешиш за ова Елон.

И покрај неговите страшни размислувања за крајот на времето, се чини дека Маск во последните неколку недели го направи својот удел за планетата.

Технолошкиот милијардер се најде на насловните страни со смешниот лет со приватниот авион, од Сан Франциско, до Сан Хозе во Калифорнија кој траел само девет минути.

Фановите го нарекоа лошто момче милијардер и му порачаа дека можел да патува со воз иако имало само пет станици до таму.

 

Scroll to Top