Илуминатите му се поклонуваат на Сатаната во „Том и Џери“

„Том и Џери: Брзи и крзнени“ е цртаниот филм од 2005 година кој е еден од низата остварувања на двата славни лика мачката Том и глушецот Џери.

dobivaj vesti na viber

Насловот, како што може и да се претпостави, е пародија на прочуениот филмски серијал The Fast and the Furious, кој кај нас е преведен како „Брзи и жестоки“.

Работата на овој цртан е проста. Кога низ секојдневната бркотница ја уништуваат својата куќа, Том и Џери одлучуваат да се пријават во реалното шоу, кое подразбира трка околу светот, а победникот ќе добие нова куќа.

Спорниот момент во цртаниот е кога двата хероја ќе дојдат кај шефот на измислената продукциска куќа, со намера да влезат во натпреварувањето:

Тука се случува нешто многу необично. Со појавувањето на сатанизираниот лик на претседателот на Холивуд, кој всушност е карикатурна верзија на Џозеф Барбера, еден од двајцата творци на Том и Џери, шефот на продукциската куќа и неговиот помошник се поклонуваат пред него.

Во овој момент има голем број масонска и илуминатска симболика.

Не е познато што точно сакале да се постигне со ваквата сцена, но очигледно е дека на овој начин авторите се шегуваат на сметка на теоретичарите на заговор, кои сега оваа снимка ја користат како доказ за вистинитоста во нивните убедувања.

 

 

Scroll to Top