Четворица вработени во „Мајкрософт“ го обвинија нивниот шеф Бил Гејтс дека е канцелариски насилник, дека има краток фитил и дека многу ги пцуел. Неговата омилена реплика во разговорите со нив му била дека тоа е најглупата идеја што некогаш ја слушнал.
Тие го обвинија дека имал сексуални односи со жени вработени во „Мајкрософт“ и со новинарки, пишува „Дејли мејл“. Неговата репутација на шеф со краток фитил почнала недолго откако ја отворил компанијата со неговиот пријател Пол Ален во 1975 година.
Неговиот портпарол ги отфрли обвинувањата дека Гејтс ги малтретирал вработените. Тој се најде во центарот на вниманието во мај, откако најави дека се разведува со неговата сопруга Мелинда. Се појавија и приказни за вонбрачни односи и дружења со педофилот Џефри Епстајн.
Тој често ги следел вработените, запамтувајќи им ги нивните регистарски таблички. Други, пак, го бранеле, велејќи дека тој викал подеднакво на сите. Тие ја ценеле неговата искреност, но признаваат дека неговиот стил на викање предизвикувал страв кај некои од вработените.
„Не знае да се шегува, ниту да се поврзе со луѓето“, вели еден поранешен директор во компанијата. Поранешниот член во управата на „Мајкрософт“ од 2009 до 2015 година, Марија Клејв, изјавила дека Гејтс сметал дека правилата за добро однесување не важеле за него.
Таа го обвини дека не бил отворен за предлозите за подобрување на разликите во компанијата. Кога некој ќе предложел некаква иницијатива, Гејтс ќе го прашал само дали се обидува да му ја уништи компанијата.
Во биографијата „Хард драјв: Бил Гејтс и создавањето на царството Мајкрософт“, чиј автор е Џејмс Волас, пишува дека Гејтс на 27 години наводно бил во врска со 13 години постара омажена жена. Станува збор за сопругата на еден од директорите на компанијата Osborn Computer.
Извршниот директор на таа компанијата Адам Озборн, кој знаел за наводната афера, на Волас му рекол дека Гејтс сака постари жени. Тој му рекол на Гејтс да престане да се гледа со жената на еден од неговите вработени, на што добил одговор да си ја гледа сопствената работа.
Волас открил дека Гејтс, додека бил на Харвард во 1973 година, често посетувал стриптиз-клубови. Станува збор за место во Бостон познато по злогласните стриптиз клубови, порнотеатри и проституција. Гејтс не криел дека ги посетувал тие места.
„Тоа што сум бил таму не значи дека сум учествувал во сето тоа што се случувало. Јадев пица, читав книги и гледав што се случува“, кажал во една пригода.
Откако почнал да излегува со Мелинда, тој се обидувал да биде верен. Но, Мелинда не била свесна дека тој бил женкар. Тие дури и се разделиле и направиле пауза околу година дена.
„Гејтс сакаше да се ожени, но не знаеше дали може да се посвети на семејството и да го има во исто време и Мајкрософт“, рече Мелинда во едно од своите интервјуа.
Во 1997 година, за магазинот „Тајм“ Гејтс открил дека и откако се оженил со Мелинда, продолжил да се гледа и да оди на одмори со неговата поранешна девојка Ен Винблед. Во меѓувреме почна да се шират приказни за неговите дружби со педофилот Џефри Епстајн.
Мелинда на пријателите им кажала дека била бесна поради неговите блиски врски со Епстајн и дека таа не сака тој да има што било со тој човек. Некои извори велат дека Гејтс често ја посетувал неговата куќа, во која заведувал малолетнички.
Портпаролот на Гејтс ги негирал ваквите обвинувања и кажал дека Гејтс немал никакви деловни врски, бил личен пријател со Епстајн и дека нивните состаноци биле поврзани исклучиво за хуманитарни работи.