„ИМА ЛИ ГОСПОД?“ – Најголемата евакуација во историјата на САД

Ирма требаше да стигне до Флорида во ова неделно утро преку островот Флорида Кис, пред да го погоди Мајами со ветер со брзина поголема и од 240 километри на час. Потоа следат Џорџија и Јужна Каролина.

Американските власти повикаа на евакуација на 5.6 милиони луѓе на Флорида, кон која се приближува ураганот Ирма, кој повторно достигна до највисоката 5 категорија, објавија надлежните служби.

Наредбата за евакуација опфаќа 5,6 милиони луѓе, објави управата за кризни состојби, што е околу 25% од жителите на оваа американска сојузна држава. Тоа воедно е и најголемата евакуација во историјата на САД.

Претходно наредбата за евакуација е издадена за околу милион жители на Флорида, а стотина и илјадници возачи едвај се движеа на двата автопатишта на тој полуостров.

„Тоа е катастрофална бура, таква каква што оваа држава никогаш претходно не доживеала“, изјави во петокот гувернерот на Флорида Рик Скот.

Гуернерот на Флорида ги повика сите од островите на Флорида Кис, место кое ќе биде прво на удар, да ги напуштат своите домови.

Ирма би требало да стигне до Флорида во неделата наутро, преку островите Флорида Кис, пред да го погоди Мајами со ветер со сила од 240 километри на час. Потоа следат Џорџија и Јужна Каролина.

Локалните власти предупредија дека „ниту едно место нема да биде сигурно“, во пределот на Флорида Кис, омилената туристичка дестинација на југот на Флорида.

Невидениот хаос во престолнината на демократијата

Невидени километарски колони настанаа на улиците на Флорида. За да побегнат од разорната Ирма, стотина илјадници жители тргнаа на пат. Се до хаосот.

Околу половина милион луѓе на југот на Флорида беа повиакни да ги напуштат своите домови. Американските воздухопловни компании се обидоа да евакуираат што е можно повеќе луѓе. Сите школи, колеџи и универзитети се затворени.

Луѓето ги опустошиа трговските центри, чекаат во редови за бензин кој го има во се помали количини, што предизвикува страв и паника. Гувернерот Рик Скот и нареди на полицијата и националната гарда да ги штити бензиските пумпи и цистерни.

Ирма, Флорида според сите знаци треба да ја погоди Ирма денеска во недела на 10 септември околу 14 часот. Досега ги погоди Карибите и тотално ги уништи.

„Еве, се е подготвено. За еден час патувам во внатрешноста на земјата кон пријателите“, изјави Настасиа Цитковиќ, која живее во Мајами.

Додаде дека не се плаши толку од самиот удар колку што се предизвика паника која се рашири меѓу луѓето.

На својата фамилија во Хрватска сакам да и посакам дека ги имам сите намирници кои ми се потребни. Ако не се јавам неколку дена, тоа е поради што линиите ќе бидат презафатени, а не затоа што нешто лошо ми се има случено“, самоуверена е Настасиа.
Ален Вицик (34) кој инаку е од Слатина, во моментов живее на Флорида со девојка му. Го опиша стравот кој го почувствува откако гувернерот на почетокот на неделата го најави најсилниот ураган во последните 20 години.

„Живеам во стариот дел на Сан Хуан, кој беше погоден од силни ветришта, но за среќа, немаше поплави. Се проценува дека околу милион луѓе останаа без електрична енергија. Јавено е дека поедини делови од островот може ќе чекаат и до четири месеци, за да таму повторно се врати струјата“, изјави Ален.

Додаде дека во моментот на големото чистење на градот, затворен е аеродромот и дека сите летови се откажани. Тврди дека не функционира ниту бродскиот транспорт.

„Се надеваме дека се ќе се врати во нормала“.

Ги следиме вестите и се надевамде дека животот брзо ќе се врати во нормала“, изјави Вицик. Иако повеќето луѓе на Флорида побегнале пред немилосрдниот ураган, некои се забарикадирале во своите домови. Меѓу нив беше и членката од хрватскиот клуб Тампа Беј на Флорида.

Проблемот е во тоа што нема повеќе гориво. Тоа предизвикува дополнителна паника. Сите се плашат дека нема да успеат да побегнат. Јас одлучив да останам. Живеам во градот Ларго во округот Пинелас. Тоа е пет минути возење од Мексиканскиот залив“, изјави читателката.

Прославениот актер Отокар Левај (74) кој на Флорида живее со сопругот, исто така се подготвува за најлошото.

„Бевме на местото на кое даваат вреќи со псеок. Наполнивме само 30. Се снабдивме со бензин, ако случајно снема струја, вода, сува храна и слично“, изјави Левај.

Никола Гагиќ (26), кој потекнува од Обровца, сега живее на Флорида.

„Луѓето на улиците молат за вода. Сите сакаат, а ја нема веќе никаде. Нема ни гориво“, изјави Гагиќ.

„Грмеше како да 60 авиони летаат над нас. Беа тоа шест часа ужас. Луѓето умираа од страв криејќи се во куќите. Силниот ветер создаваше бучава како да 60 авиони летаа над нас, и сите се плашеа да излезат надвор“, изјави Златко Мариќ.

Сопственикот на безбедносната компанија Сокол Мариќ, цела ноќ и утро напнато следел што се случува на карипските острови кои ги мина урганот Ирма. Мариќ на островот Туркс има луксузен комплекс вреден 50 милиони долари, кои веќе со години ги изнајмува.

„Според првичните информации, немало поголеми оштетувања. Вилите се градени со цврста градба, а сите стакла се атестирани против урагани. Во зградите ноќта спас пронајдоа 16 семејства, 27 луѓе, меѓу кои имаше и жени и деца. Тоа се работници од останатите острови, кои живеат во дрвени куќички и сеуште не се знае дали го избуле кровот над главата“, вели ексклузивно за 24 часа Златко Мариќ.

Цела ноќ пријателите ми испраќаа пораки и контактираа со нив.

„Таму сеуште е мрак и сите се плашат да излезат, а откако ќе се раздени, ќе има порелевантни информации“, вели Мариќ.

Повеќе нема ни шишиња со вода. Меѓу жителите на Мајами е и Слободан Јанјуш (64), некогашниот голман на загребски Динамо. Тој ударот Ирма го опиша како борба меѓу илјадници тенкови. Објасни дека најлошо е во трговските центри.

„Мислам дека во мојата околина повеќе нема ниту една продавница во која можете да купите литар вода. Сите граѓани ја разграбаа. Не можам да ви опишам како тоа изгледаше“, изјави поранешниот спортис.

На Куба засолниште побараа 36.000 туристи, а во Доминиканската Република 7500. Ураганот од Куба би требало да продолжи кон југоисточниот брег на САД. Прво би требало да ја зафати Флорида, па Џорџија, од каде бегаат 540.000 луѓе, и јужна Каролина.

Американскиот центар за урагани предвидува плима од осум метри над нормалата и „опасност од смртоносни поплави“, што не чуди ако знаеме дека Ирма е двократно поголема од Флорида, односно големина на цела Франција.

Веднаш по Ирма, ураган од четврта категорија, кој дува си силина од околу 240 километри на ас, САД ќе ја погоди и Хосе, ураган од трета категорија, кој дува со сила од 193 километри на час. И додека Ирма се движи кон Флорида, Хосе би можел да го погоди разрушениот остров Барбуда, кој повеќе не е пристојно место за живеење, затоа што 95% од истиот е уништен.

Потоа Катиа најмногу се заканува на Мексико. Ќе предизвика незапаметени поплави. Британија испрати свои војници кон погодените подрачја кои се под нивно сопственост, а француската морнарица испрати вода и бродови на разрушениот остров Свети Мартин.

Таму слета и холандската војска затоа што островот е поделен на француски и холандски дел. Уништена е комплетната инфрструктура. Се стравува дека на подрачјата на кои не работи водоводот и канализацијата би можело да дојде до развој на болести.

Ѕвездан Бенетиќ Клаиќ од геофизичкиот отсек на Природно-математичкиот факултет објаснува како настануваат ураганите.

„Што е поголема температурата на Земјината површина и дното на океаните, посилно е и исправањето на водата во воздухот и шансата за настанување на врнежите. Освен тоа, повеќе енергија има во целиот систем на Земјата и атмосферата.

Атмосферата е полна со јаглерод дикосид и метан, кој добро ја впива топлината и енергијата, па целата енергија ја задржува во атмосферата. Доколку тие плинови ги има во помал број, целата таа енергија би се вратила во вселената и не би била дел од настаните на Земјата“, заклучува Клаиќ.

Scroll to Top