Ирска е прва од западните земји што ќе им ги одзеде државјанството и пасошот на педофилите

Ирска стана првата земја на Западот што на педофилите ќе им го укине државјанството и ќе им ги одзеде нивните пасоши и државен идентитет.

Во обидот да се спречат педофилите да патуваат во странство, кампањата што ја водеше ирскиот свештеник фра Шај Кален доведе до нови прописи со кои на осудените педофили ќе им бидат строго ограничени патувањата и ќе останат без ентитет.

Кален, кој е роден во Даблин, изјави дека воведувањето на ваквиот закон е добро затоа што ќе ги спречи регистрираните сексуални престапници да патуваат во странство. Тој исто така изјави дека од овој закон ќе имаат корист државите во кои сексуалниот туризам и детската проституција се главен проблем, известува „Иришцентрал“.

Говорејќи за весниот „Ајриш ексаминер“, Кален изјави:

„Подло злосторство е некој да патува во странство за да малтретира деца. Тој закон е донесен во Австралија, но сакаме и другите земји да го следат, а Ирска ќе го преземе водството во ЕУ во врска со тоа“.

„Користа ќе биде голема во смисла на заштита на децата. Кога повеќе земји ќе го следат австралискиот потег, многу повеќе деца ќе бидат безбедни од педофилите“.

74-годишниот свештеник изјави дека животот на загрозените жени и деца на Филипините е страшен. Кулен работи со деца од улица уште од 1974 година.

Весникот „Дублинер“ објасни дека на Филипините секоја година доаѓаат илјадници сексуални туристи.

Заштитата на човечките права и достоинството на жените и децата како да не постои.

Владите мора да донесат закон што ќе им забрани на осудените сексуални престапници да патуваат во странство.

„Зошто на меѓународните и ирски секс-туристи им е допуштено да дојдат овде и да ги силуваат нашите деца?“, прашува Кален.

Минатата недела Кален спасил 12-годишно девојче кое останало бремено кога било силувано од страна на соседите, како и 5-годишно девојче што било силувано од страна на татка си.

Независниот политичар Морин О’Саливен, член на одборот за надворешна политика, кој работел со Кален на овој закон, неодамна поставил парламентарно прашање до ирскиот министер за надворешна политика, Симон Ковенеј. Симон нагласил дека ирската влада е решителна во борбата против сексуалното малтретирање на децата на секој можен начин.

Австралија донесе нов закон за патниците, кој беше воведен пред четири месеци. Во склоп на него одземени им се пасошите на 20.000 луѓе што отслужувале казна за педофилија и кои сè уште се надгледувани во склад со Australian National Child Offender Register.

Се проценува дека само во 2016 година околу 800 австралиски сексуални педофилски престапници патувале во странство.

Отецот Кулен бил номиниран, со другите 318 учесници, за Нобелова награда за мир минатата недела. Наградата е доделена од тимот експерти за укинување на нуклеарното оружје.

Scroll to Top